FSP FP 400 Manual De Instrucciones página 61

Ocultar thumbs Ver también para FP 400:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 15
4. Важни предупредувања за безбедноста
УПАТСТВАТА)
ВНИМАНИЕ!
За да ја спречите опасноста од струен удар, користете го само внатре и на место со
контролирана температура и влажност, без спроводливи загадувачи. (Погледнете ги
спецификациите)
За да ја намалите опасноста од прегревање, не покривајте ги отворите за проветрување на
уредот за непрекинато напојување (UPS) и избегнувајте да го изложувате на директна
сончева светлина или да го монтирате во близина на греалки или огништа.
Немојте на уредот за непрекинато напојување (UPS) да приклучувате други уреди кои не се
компјутерски, како на пример медицинска опрема, опрема за одржување во живот,
микробранови печки или правосмукални.
Не приклучувајте го влезот од уредот за непрекинато напојување (UPS) во сопствениот влез.
Не оставајте пијалаци или други предмети кои содржат течности на или во близина на
уредот.
Во случај на нужда, притиснете го копчето OFF и извлечете го кабелот од приклучокот за
струја за да можете да прописно да го онеспособите уредот за непрекинато напојување
(UPS).
Немојте уредот за непрекинато напојување (UPS) да приклучувате на кабли со повеќе
приклучоци или уред за потиснување пренапони.
Ако уредот за непрекинато напојување (UPS) има метално куќиште, во текот на монтажата
задолжително е заземјување за да се намали пропусната струја под 3,5mA.
Поправките или сервисирањето треба да ги изведува или да ги надгледува само обучен
персонал.
Кога ги менувате батериите, користете нови од истиот број и тип.
Внатрешниот напон на батеријата е 12VDC. Запечатена, оловна батерија, со 6 ќелии.
Не фрлајте ги батериите во оган, бидејќи можат да експлодираат.
Не отворајте ги и не оштетувајте ги батериите. Електролитот што се ослободува е штетен за
кожата и за очите.
Извлечете го штекерот од уредот за непрекинато напојување (UPS) пред да го чистите и не
користете течен детергент или детергент во спреј.
Батеријата може да претставува опасност од струен удар и висока струја на куса врска. Пред
да ги ставате батериите земете ги предвид следните мерки на предострожност:
1)
извадете ги часовниците, прстените или другите метални предмети.
2)
употребете алатки со изолирани рачки.
3)
носете гумени ракавици и чизми.
4)
не оставајте ги алатот или металните делови врз батериите.
5)
откачете го изворот на напојување пред да ги приклучувате или откачувате клемите од
батеријата.
(ПРОЧИТАЈТЕ ГИ
61

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Fp 600Fp 800

Tabla de contenido