8.2 ВКЛУЧУВАЊЕ
За палење, следете ги упатствата во упатството за моторот.
Значи, повлечете ја рач- ката за кочницата (1) кон рако-
фатот и потоа цврсто повлечете ја дршката на јажето за
палење (2).
8.3 СОВЕТИ ЗА КВАЛИТЕТНО КОСЕЊЕ
• Во случај на „дробење» - mulching или заден испуст на тревата: секогаш избегнувајте
да косите огромна количина на трева. Никогаш не косете повеќе од една третина од вкупната
висина на едно поминување! Прилагодете ја брзината на движење во согласност со условите на
тревникот и со количината на положената трева.
Совети за третман на тревникот
Секој вид на присутна трева има различни карактери-
стики и може да бара различни режими на косење на
тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата што се
содржани на пакувањето на семето во однос на висина-
та на косење во однос на условите на растење во преде-
лот каде е посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од
ист вид и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако лив-
чињата се покосат целосно, се оштетува тревникот и идното косење ќе биде многу тешко.
Генерално, вреди да се следат следните упатства:
– м ногу ниско косење предизвикува корнење и проретчување на тревната површина со што
остануваат „голи места",
– н а лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне исушување на теренот,
– н е косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја намали ефикасноста на сечивата врз
тревата бидејќи ќе се лепи и ќе предизвика заглавување со залепена трева,
– в о случај на делумно израсната трева, најдобро е прво да се искоси на најголема висина што
ја дозволува машината, проследено со второ косење по два или три дена.
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако косењето се изведува секогаш на иста висина
и наизменично во два правци.
Кога вреќата за собирање трева ќе се наполни, собирањето нема да биде ефикасно и звукот на
машината се менува.
За вадење и празнење на вреќата:
– пуштете ја рачката за прекинувачот и почекајте да запре сечивото,
– п одигнете ја заштитата со заден испуст, зафатете ги ракофатите и извадете ја вреќата држејќи
ја исправено.
8
MK