• При стартување држете го алатот со две
раце.
• Чувајте го кабелот подалеку од подвижните
делови на машината.
• Држете ги рацете подалеку од работното
парче.
• Во случај на заглавување на шајки или
спајалки веднаш исклучете ја машината и
извадете го кабелот од струја.
• Никогаш не го насочувајте алатот кон луѓе
или животни.
• Користете спајалки и шајки кои се наменети
за овој алат.
• Бидете сигурни дека нема да оштетите
некаков вод при користење на алатот.
Електрична безбедност
При користење на електрични машини
почитувајте ги безбедносните правила во
вашата земја, за да го намалите ризикот од
пожар, струен удар и повреди. Прочитајте
ги следните безбедносни упатства и
приложените безбедносни упатства.
Секогаш проверувајте дали напонот на
напојувањето одговара на наведениот
напон на плочката.
Машина со ll класа на заштита. Вашата
машина е двојно излирана, поради тоа
не е потребно заземјување.
Замена на кабли или приклучници
Веднаш да ги фрлите старите кабли или
приклучници, кога ќе ги замените со нови.
Опасно е да ја вклучите приклучницата ако
кабелот е лабав.
Користете продолжни кабли
Користете само одобрени продолжни кабли
погодни за влезната моќност на машината.
Најмал попречен пресек е 1.5 mm2. Кога се
користи кабел во ролна, секогаш целосно да
го одмотате.
После секоја употреба да ги
отстранувате спајалките/ шајките
од магацинот
70
3. КОРИСТЕЊЕ
Намена
Сл. 2
За овој алат користете ги следните видови
спајалки и шајки:
• U Тип 55: 8, 9, 10, 12, 13 14, 15, 16 mm
• T Тип 48: 15-16 mm
Полнење на спојувалката
Пред отварање, проверете дали е
исклучен алатот.
Како се полни спојувалката
Сл. 3 - 5
Одбравување на лизгачот
• Притиснете го копчето (2) за одбравување
на лизгачот.
Ставање на спајалки/шајки
• Извлечете го лизгачот од машината.
• Ставете спајалки (сл. 4) или шајки (сл. 5) во
касетата
• Турнете го лизгачот во машината.
• Забравете го лизгачот со лизгање
нанапред, додека не забрави на место.
Користење на спојувалката
• Притиснете го On/Off прекинувачот (5) за
вклучување на машината.
• Притиснете го On/Off прекинувачот (5) за
исклучување на машината.
• Вртете го тркалцето за контрола на удар,
за да ја изберете ударната моќност.
Поставување на алатот
• Поставете го алатот на работно парче, на
место на кое треба да се испука спајалка
или шајка.
• Притиснете го силно алатот.
Спојување
• Притиснете го прекинувачот (4).
Алатот произведува повратен удар,
поради силата со која делува. Имајте
го тоа на ум.