Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Монтирање на брусни алати (види слика A)
Користете само соодветни и неоштетени
u
вилушкасти клучеви (види „Технички податоци").
– Исчистете го вретеното за брусење (3) и сите делови
за монтирање.
– Држете го цврсто брусното вретено (3) со
вилушкастиот клуч (8) на површината на клучот.
Олабавете ја стезната навртка (2) со вилушкастиот
клуч (9) на површината на клучот со вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до
крај во затегнувачката чаура (1).
– Држете го цврсто вретеното за брусење (3) со
вилушкастиот клуч (8) и затегнете го алатот што се
вметнува со вилушкастиот клуч (9) на површината на
клучот со вртење во правец на стрелките на
часовникот.
Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно.
Не ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку
заменете ги со нови.
Во никој случај не ја затегнувајте затегнувачката
u
чаура со затегнувачката навртка, доколку не е
монтирано брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура
може да се оштети.
Користете само брусни клинови со соодветен
u
дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар
на држачот не одговара на прифатот за алат на
електричниот алат (види „Технички податоци"), не
може да се зацврсти добро и ја оштетува
затегнувачката чаура.
Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку
u
10 mm. Со помош на внатрешните димензии на
држачот L
од податоците на производителот може да
0
го дознаете максималниот дозволен број на вртежи на
алатот за вметнување. Тој не смее да биде под
максималниот број на вртежи на електричниот алат.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Bosch Power Tools
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
GGS 8 CE/GGS 28 C/GGS 28 CE/GGS 28 LC/GGS 28 LCE
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (5)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад
надолу и потоа отпуштете го.
Вклучување/исклучување
GGS 28 LP
За ставање во употреба на електричниот алат,
притиснете ја најпрво блокадата при вклучување (12)
наназад и на крај притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (11) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Исклучување при повратен удар
При ненадејна пречка на електричниот алат,
на пр. блокирање на резот при глодање,
доводот на струја до моторот електронски ќе
се прекине.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Македонски | 171
1 609 92A 5T3 | (09.06.2020)