Прирачник за сервисирање
1. Може да проверите каде да купите делови за замена на http://samsung.com/support
2. Посетете го делот за купување на веб-локацијата и внесете ја шифрата на моделот на
вашиот производ за да проверите кои делови се достапни за купување. Шифрата на
моделот е означена на надворешниот дел од вашиот производ.
‐ Може да ја проверите шифрата на моделот и верзијата на ознаката за баркод на долниот
дел од производот.
3. За деловите за замена, уверете се дека името на делот се совпаѓа со илустрацијата во овој
прирачник.
‐ Деловите што може да ги сервисира корисникот се ограничени на рачки (само некои
модели), подлошки, фиоки и шарки.
ЗАБЕЛЕШКА
После поправка од неовластен сервисер, самостојна поправка или непрофесионална поправка
на производот, Samsung не е одговорен за каква било штета на производот, повреда или каков
било друг безбедносен проблем на производот предизвикан во обид да се поправи производот
којшто не ги следи внимателно овие упатства за поправка и одржување. Какво било оштетување
на производот предизвикано од обид да се поправи производот од страна на некое лице кое не
е овластен сервисер на Samsung, нема да биде покриено со гаранцијата.
ВНИМАНИЕ
•
Името на делот наведено на веб-локацијата може да биде различно од името во овој
прирачник. Уверете се дека то избравте точното име на делот.
•
Замената на шарките бара огромно винимание бидејќи вклучува отстранување на вратата.
•
Уверете се дека носите заштитни ракавици додека ги вршите поправките.
Македонски - 137