Bosch Professional GKS 18 V-LI Manual Original página 183

Ocultar thumbs Ver también para Professional GKS 18 V-LI:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за тркалезни пили
Постапка на сечење
 ОПАСНОСТ: Не посегнувајте со дланките во полето
на работа со пилата или листот на пилата. Со другата
рака држете ја дополнителната дршка или
куќиштето на моторот. Доколку со двете дланки ја
држите пилата, нема да може да се повредите.
 Не посегајте под делот што се обработува. Доколку
заштитната хауба е под делот што се обработува, нема
да може да ве штити од листот за пилата.
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
 Делот што се обработува никогаш не го држете во
рака или над ногата. Зацврстете го делот што се
обработува на стабилен прифат. Важно е, добро да го
зацврстите делот што се обработува, за да ја сведете на
минимум опасноста од телесен контакт, заглавување на
листот на пилата или губење на контролата.
 Држете го електричниот апарат за изолираните
површини на рачките, доколку вршите работи каде
алатот што се вметнува може да наиде на скриени
електрични кабли. Контактот со електрични
спроводници ги става и металните делови од
електричниот апарат под напон и води до електричен
удар.
 При должинско сечење секогаш употребувајте
граничник или аголна водилка. Ова ја подобрува
прецизноста при сечење и ја намалува можноста да се
заглави листот на пилата.
 Секогаш користете листови за пила во правилна
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр.
со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за
пила, што не одговараат на монтажните делови на
Bosch Power Tools
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
 Никогаш не употребувајте оштетени или погрешни
подлошки или шрафови за листот за пилата.
Подлошките или шрафовите за листот на пилата се
специјално конструирани за вашата пила, за оптимална
јачина или работна безбедност.
 Последици од повратни удари – и соодветни
безбедносни напомени
– повратниот удар е ненадејна реакција поради
закачен, заглавен или погрешно насочен лист од
пилата, што доведува до тоа пилата неконтролирано да
се подигне и да излезе од делот што се обработува и да
се придвижи во правец на лицето што ја користи;
– доколку листот на пилата се закачи или заглави во
резниот процеп, се блокира, и моторната сила ја враќа
пилата во правец на лицето што ја користи;
– доколку листот на пилата се изврти или погрешно го
насочи резот на пилата, запците на задната ивица од
листот на пилата може да се закачат на површината на
делот што се обработува, при што листот на пилата се
вади од резниот процеп и ја придвижува пилата во
правец на лицето што ја користи.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
пилата. Тој може да се спречи со соодветни прописни
мерки, како што е опишано подолу.
 Држете ја цврсто пилата со двете дланки и
наместете ги рацете во позиција во која ќе може да
ја издржите повратната сила. Секогаш застанувајте
бочно од листот за пилата, никогаш не го водете
листот на пилата во иста линија со телото. Во случај
на повратен удар, пилата може да отскокне наназад, но
корисникот може да ја совлада доколку ги презел
соодветните мерки.
 Доколку се заглави листот на пилата или Вие ја
прекинете работата, исклучете ја пилата и држете ја
мирно во делот што се обработува, додека листот на
пилата не дојде во состојба на мирување. Никогаш
не се обидувајте да ја извадите пилата од делот што
се обработува или да ја влечете наназад, доколку
листот на пилата се движи, бидејќи така може да
настане повратен удар. Откријте ја причината за
заглавување на листот на пилата и преземете ги
соодветните мерки.
 Доколку сакате повторно да ја стартувате пилата
што е заглавена во делот што се обработува,
центрирајте го листот на пилата во резниот процеп и
проверете, дали се заглавени запците од пилата во
делот што се обработува. Доколку е заглавен листот
на пилата, тој може да излезе од делот што се
обработува и да предизвика повратен удар, доколку
пилата одново се стартува.
 Потпрете со големи плочи, за да го избегнете
ризикот од повратен удар поради заглавен лист од
пилата. Големите плочи може да се свиткаат под
својата тежина. Плочите мора да ги потпрете на двете
страни, како во близина на местото на сечење, така и на
ивиците.
Македонски | 183
1 609 92A 14R | (3.2.15)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido