AEG BMMS18SBL Manual Original página 121

Ocultar thumbs Ver también para BMMS18SBL:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
одговараат точно на вретеното за брусење на Вашето
електрично орудие, се вртат нерамномерно, многу
силно вибрираат и можат да доведат до губење на
контролата.
i) Не употребувајте оштетени дискови за брусење.
Пред секоја употреба контролирајте ги дисковите
за брусење да не имаат отскршени делчиња и
пукнатини. Кога електричното орудие или дискот за
брусење ќе Ви падне, проверете да не е оштетено
или употребете неоштетен диск за брусење.
Кога дискот за брусење го имате контролирано
и вметнато, Вие и лица кои што се наоѓаат во
близина, внимавајте да не дојдете на нивото на
ротирачкиот диск за брусење и оставете го апаратот
да врти со највисок број на вртежи за цела една
минута. Дискови за брусење кои што се оштетени за
ова време на тестирање обично ќе се скршат.
j) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита,
заштита за очите или заштитни очила. Доколку е
потребно, носете маска за заштита од прашина,
заштита за ушите, заштитни ракавици или
специјална престилка, со која се заштитувате од
ситни честички од шлајфувањето и од материјалот.
Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се
разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни
употреби. Заштита маска од прашина и за дишење
мора да ја филтрираат прашината што се создава
при работата. Доколку сте подолго време изложени
на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на
слухот.
k) Кај други лица обратете внимание на безбедно
растојание кон Вашето подрачје на работење. Секој
кој што влегува во работното подрачје мора да
носи лична заштитна опрема. Делови од парчето
кое што се работи или скршено орудие кое што се
употребува може да летне и да предизвика повреди и
вон директното подрачје на изведување на работите.
l) При работа, каде што елементот за брусење
може да влезе во контакт со покриени кабли под
напон, секогаш држете ја електричната алатка за
изолираните површини на дршките. При контакт со
кабел под напон, металните делови на електричниот
алат доаѓаат под напон и можат да предизвикаат
струен удар на лицето што ракува со нив.
m) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако
орудието за применување не е дојдено во потполно
мирување. Орудието за примена кое што се врти
може да дојде во контакт со подлогата за оставање
со што би можеле да ја изгубите контролата врз
електро-орудието.
n) Не оставајте го електро-алатот да работи додека
го носите. Вашата облека може да биде закачена
преку случаен контакт со приборот што се врти, при
што тој може да навлезе во вашето тело.
o) Редовно чистете го отворот за проветрување
на вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот
влече прашина во куќиштето, а големо насобирање
на метална прашина може да предизвика електрични
опасности.
p) Не употребувајте орудија за примена, кои што
изискуваат течни средства за ладење. Употребата
на вода или други течни средства за ладење може да
доведат до електричен удар.
Понатамошни упатства за безбедност за
применувањето на брусењето со делење
Повратен удар и соодветни напомени за безбедност
Повратниот удар претставува ненадејна реакција како
последица на диск за брусење кој што при вртењето е
заглавен или блокиран. Заглавувањето или
блокирањето доведува до нагло стопирање на
ротирачкото применето орудие. На тој начин
470 349 - BMMS18SBL.indd 121
470 349 - BMMS18SBL.indd 121
неконтролирано електрично орудие се забрзува
наспроти правецот на вртење на применетото орудие
кај местото на блокирање.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или
блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење
што навлегува во материјалот, може да се закачи и на
тој начин да дојде до излегување на дискот или да се
предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за
брусење се движи или кон операторот или настрана од
него, зависно од насоката на вртење на дискот во
точката на спојување. Притоа дисковите за брусење
можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да
биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост,
како што се опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе
можете да дадете отпор на силите од повратиот
удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка,
доколку постои, за да можете да имате максимална
можна контрола над силите од повратниот удар
или на моментите на реакција при пуштање во
работа. Операторот може да ги контролира силите на
повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во
близина на прибор што се врти. Во случај на
повратен удар, приборот може да биде исфрлен врз
вашата рака.
c) Избегнувајте го подрачјето пред и позади
ротирачкиот диск за делење. Повратниот удар го тера
електричното орудие во правец наспроти движењето на
дискот за брусење кај местото на блокирање.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри
рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот
се одбива од и заглавува во материјалот за
обработка. Кај агли, остри рабови или во случај
на одбивање ротирачкиот прибор е склон кон
заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата
или повратен удар.
e) Не употребувајте ланчест или запчест лист за
пилење ниту пак сегментиран дијамантен диск со
повеќе од 10 мм широки шлицови. Такви применети
орудија често предизвикуваат повратен удар или
губење на контролата врз електричното орудие.
f) Избегнувајте заглавување на дискот за
делење или премногу висок контактен притисок.
Не изведувајте претерано длабоки засеци.
Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува
неговиот напор и чувствителноста за извртување или
блокирање, а со тоа и на можноста за повратен удар
или за кршење на телото за брусење.
g) Доколку дискот за делење се заглави или
доколку прекинете со работа, исклучете го
електро-алатот и држете го мирно сè додека дискот
не постигне состојба на мирување. Никогаш не
обидувајте се, да го извлечете дискот од засекот
додека се врти, во спротивно може да дојде
до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
h) Не вклучувајте го електро-алатот повторно,
сè додека истиот се наоѓа во материјалот за
обработка. Дозволете дискот да го достигне целиот
број на вртежи, пред внимателно да го продолжите
сечењето. Во спротивно дискот може да заглави,
да отскокне од материјалот за обработка или да
предизвика повратен удар.
i) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење.
Големи материјали за обработка може да свијат
како последица на својата тежина. Материјалот за
МАКЕДОНСКИ
121
09.06.2020 09:55:46
09.06.2020 09:55:46

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido