206 | Македонски
Заштитна хауба за брусење
Поставете ја заштитната хауба (5) на грлото на вретеното.
Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (5)
според потребите на работниот процес и фиксирајте ја
заштитната хауба (5) со завртката за фиксирање (6).
Поставете ја заштитната хауба (5) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
u
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(13).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (13) се монтира како
заштитна хауба за брусење (5).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (21) се
монтира како заштитна хауба за брусење (5).
Дополнителна рачка
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (3).
Навртете ја дополнителната рачка(3) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Заштита за дланките
За работење со гумен диск за брусење (17)или со
u
лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна
плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете
(15).
Зацврстете ја заштитата за рацете (15) со
дополнителната рачка (3).
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (4) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
u
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
1 609 92A 5LC | (30.04.2020)
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
страница.
За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење,
навртете ја затезната навртка (9) и затегнете ја со клуч со
два отвори, види дел (види „ Брзозатезна навртка
", Страница 206).
По монтажата на алатот за брусење, пред
u
вклучувањето, проверете дали тој е точно
монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали алатот за брусење не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница (7) околу
венецот за центрирање е ставен пластичен
дел (O-прстен). Доколку недостига O-
прстенот или е оштетен, приклучната
прирабница (7) мора да се замени пред
понатамошна употреба.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
При работењето со ламелеста брусна плоча
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (15).
Гумен диск за брусење
При работењето со гумен диск за брусење (17)
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (15).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Пред монтажата на гумен диск за брусење (17) ставете ги
2-та дистанцери (16) на вретеното за брусење (4).
Навртете ја тркалезната навртка (19) и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Лончеста четка/плочеста четка
При работењето со лончеста или плочеста четка
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (15).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на
вретеното за брусење додека цврсто не налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја
лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Брзозатезна навртка
За едноставна промена на алатот за брусење без
користење на други алати, наместо затезната навртка (9)
можете да употребите брзозатезна навртка (11).
Брзозатезната навртка (11)смее да се користи
u
само за брусни плочи или дискови за сечење.
Bosch Power Tools