Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво
турнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6)
нанапред, потоа притиснете го и држете го притиснат.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (6) вметнете го прекинувачот
за исклучување/вклучување (6) понапред.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и потоа
отпуштете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Совети при работењето
Заштитете ги брусните алати од удари.
u
Брусење и отстранување остатоци од метал
При брусење и отстранување остатоци со композитни
брусни средства, секогаш користете отворен заштитен
капак со завртка за подесување (2).
Цврсто држете го електричниот алат со двете раце на
рачките (8).
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
Задачи со лончести четки
Електричниот алат е наменет и за задачи со лончести
четки. За таа цел, можете да го користите отворениот
заштитен капак со завртката за подесување (2).
Цврсто држете го електричниот алат со двете раце на
рачките (8).
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок, за да се постигне рамномерно
отстранување на материјалот и да не се оштети делот што
се обработува.
Електричниот алат не е наменет за задачи со плочести
четки.
Bosch Power Tools
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При екстремни услови на примена, доколку е
u
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Македонски | 157
1 609 92A 7AM | (24.05.2022)