134
Македонски
Важни безбедносни информации
Користете го производот само за неговата намена. Внимателно
прочитајте ги овие важни информации пред да го користите производот
и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната
употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.
ОПАСНОСТ
-
Чувајте го стерилизаторот подалеку од вода. Не поставувајте го и не
складирајте го уредот каде што може да падне или да биде повлечен
во када или лавабо.
-
Не потопувајте го стерилизаторот во вода или друга течност.
-
По чистењето, проверете дали стерилизаторот е целосно сув пред да
го поврзете со ѕидниот штекер.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
-
Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и
знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за
користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат
потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го
одржуваат уредот без надзор.
-
Децата не треба да си играат со уредот.
-
Чувајте го стерилизаторот надвор од дофатот на деца во секое време.
-
Престанете со користење на стерилизаторот ако УВ-сијалицата
останува вклучена кога вратата е отворена. УВ-светлото може да биде
штетно за човечките очи и кожа.
-
Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако
уредот се оштети, престанете да го користите и контактирајте со
Центарот за грижа на корисниците во вашата држава (видете
'Гаранција и поддршка'). Ако кабелот е оштетен, заменете го полначот
и/или стерилизаторот со нов.
-
Не користете го стерилизаторот надвор или во близина на загреани
површини.
-
Секогаш заменувајте го стерилизаторот со друг од оригинален тип со
цел да се избегне опасност.
-
Не користете други глави на четката освен оние што ги препорачал
Philips Sonicare.
-
Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со
доктор пред да го користите уредов.
-
Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе
пациенти во стоматолошка ординација или институција.