Descargar Imprimir esta página

Huawei GT 3 Pro Guia De Inicio Rapido página 55

Ocultar thumbs Ver también para GT 3 Pro:

Publicidad

затоа што тоа може да го оштети уредот.
• Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во
близина на уредот.
• Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други
здравствени установи. Целта на овие барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна
медицинска опрема.
• Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и
пејсмејкерот за да се спречи потенцијална интерференција со пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, држете го
уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
• Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман,
лекување или спречување каква било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за
информативна намена. Ако забележите проблеми со кожата додека го носите уредот, извадете го и одете на
доктор.
• Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Додаток Q од IEC/EN 62368-1 и дека е
тестиран и одобрен според националните или локалните стандарди.
Безбедно нуркање
• Пред да го користите овој уред, потврдете дека сте добиле професионална обука за нуркање и дека знаете
како да ја користите опремата за нуркање. Овој уред се користи само за рекреативно нуркање. Не користете
го за професионално нуркање.
• Од безбедносни причини, не нуркајте сами. Пред да нуркате, контактирајте со вашиот доктор за да проверите
дали физичката состојба ви е соодветна за нуркање.
• Сите електронски уреди може да имаат грешки. Овој уред можно е да не може да обезбеди точни податоци
кога нуркате. Не потпирајте се само на еден извор на информации за вашата лична безбедност.
54

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Band 7