Descargar Imprimir esta página

Bosch HEAVY DUTY GWG 12V-50 S Professional Manual Original página 169

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветно работење или услови, и може да се избегне
со преземање на соодветните превентивни мерки
наведени подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и
u
позиционирање на вашето тело и рака за да се
овозможи отпор на силите на одбивање.
Операторот може да ги контролира реакциите на
силата на одбивање, доколку се преземат соодветни
превентивни мерки.
Обрнете посебно внимание при изработка на агли,
u
остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и
закачување на дополнителната опрема. Аглите,
острите ивици или отскокнувањето може да доведат до
закачување на дополнителната опрема и да
предизвикаат губење на контрола или одбивање.
Не закачувајте назабено сечило за пила. Овие
u
сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на
контрола.
Секогаш вметнувајте го сечилото во материјалот во
u
истата насока од која острицата на сечилото
излегува од материјалот (а тоа е истата насока во
која ивериците се исфрлаат). Ако го вметнувате
алатот во погрешна насока, тоа може да предизвика
острицата на сечилото да излезе од делот што се
обработува, и да го повлече алатот во насока на делот
што се обработува.
Секогаш вршете задачи со безбедно прицврстени
u
алати. Додатоците ќе се фатат ако малку се навалат во
жлебот и може да се одбијат и да ја изгубите
контролата над алатот.
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење
Користете само видови на дискови коишто се
u
препорачуваат за вашиот електричен алат, за
препорачана употреба.
Дополнителни безбедносни напомени
Не ги допирајте брусните дискови, пред да се
u
оладат. Плочите за време на работењето стануваат
многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Електричниот алат не е погоден за стационарна
u
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
Bosch Power Tools
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи на
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат со потпорни плочи и соодветните
дискови е дизајниран за брусење, отстранување на
остатоци и чистење метал.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1)
Стрелка за правец на вртење на вретеното
(2)
LED-приказ
(3)
Копче за претходно избирање на бројот на
вртежи
a)
(4)
Батерија
(5)
Копче за отклучување на батерија
(6)
Рачка за ослободување за прекинувачот за
вклучување/исклучување
(7)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(8)
Блокада за вретеното
(9)
Брусно вретено
(10) Затезна навртка
(11) Потпорни плочи со затезна дршка
b)
(12) Диск
(13) Рачка (изолирана површина на рачката)
(14) Вилушкаст клуч
(15) Внатрешни димензии на држачот L
Македонски | 169
a)
b)
0
1 609 92A 8HB | (21.12.2022)

Publicidad

loading