Descargar Imprimir esta página

LG GBP62PZNBC Manual Del Propietário página 265

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 106
•Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива
просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во
каква било просторија подложна на надворешни услови, како
што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или
температури под нулата.
•Не поставувајте го апаратот на директна сончева светлина и
не изложувајте го на топлина од апарати за греење, како на
пример, шпорети или греалки.
•Внимавајте да не ја соголите задната страна на апаратот при
монтажата.
•За време на склопувањето или расклопувањето внимавајте да
не ви падне вратата на апаратот.
•При склопувањето и расклопувањето на вратата на апаратот,
внимавајте да не го продупчите, згмечите или оштетите
кабелот за струја.
•Не поврзувајте го приклучниот адаптер или некоја друга
дополнителна опрема во приклучокот за струја.
РАБОТЕЊЕ
•Не користете го производот за други намени (за чување
медицински или експериментални материјали или за
транспорт) освен за намената во домаќинства, односно за
чување храна.
•Исклучете го приклучокот од штекер кога има силна бура или
грмотевици или кога не е во употреба подолг временски
период.
•Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на
апаратот со влажни раце.
•Не превиткувајте го кабелот за струја премногу и не ставајте
тешки предмети врз него.
•Ако навлезе вода во електричните делови на апаратот,
исклучете го приклучокот за струја и стапете во контакт со
Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
•Не ставајте ги рацете ниту метални предмети во внатрешноста
од која излегува ладниот воздух, ниту на капакот или задната
решетка од која се ослободува топлина.
•Не применувајте прекумерна сила или притисок на задниот
капак на апаратот.
•Не ставајте животно во внатрешноста на производот.
Животното може да се задуши.
MK
5

Publicidad

loading