OBJ_BUCH-2565-003.book Page 225 Thursday, December 21, 2017 12:00 PM
Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
14.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење 14 се монтира како заштитна
хауба 7 за брусење.
Дополнителна дршка
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 3.
Зашрафете ја дополнителната дршка 3 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Заштита за дланките
При работа со гумен диск 17 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 16.
Зацврстете ја заштитата за дланки 16 со дополнителната
дршка 3.
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 6 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 1, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За прицврстување на брусната плоча/брусната плоча за
сечење ставете ја затегнувачката навртка 11 и затегнете ја
со комбиниран клуч 4/5, погледнете во делот
„Брзозатегнувачка навртка".
Bosch Power Tools
По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Приклучна прирабница за
брусното вретено M 14: Во
приклучната прирабница 9 околу
централниот венец е ставен
пластичен дел (O-прстен). Доколку
недостига O-прстенот или е
оштетен, приклучната прирабница 9
мора да се замени пред понатамошна
употреба.
Приклучна прирабница за
брусното вретено M 10:
Приклучната прирабница може да се користи од двете
страни.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
При работата со ламелеста брусна плоча во вид на
лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки
16.
Гумен диск за брусење
При работењето со гумен диск 17 за брусење
секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 16.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Завртете ја тркалезната завртка 19 и затегнете ја со
комбинираниот клуч 4/5.
Лончеста четка/плочеста четка
При работењето со лончеста четка или плочеста
четка секогаш монтирајте ја заштитата за дланките
16.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата четка/плочестата четка мора да се зашрафи на
вретеното за брусење до тој степен цврсто да налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата
четка/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Брзозатезна навртка
За едноставна промена на алатот за брусење без
користење на други алати, наместо стезната навртка 11
може да употребите брзозатезна навртка 12.
Брзозатезната навртка 12 смее да се користи само
за брусните плочи или брусните плочи за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени
брзозатезни навртки 12.
При зашрафувањето внимавајте на тоа, испишаната
страна на навртката 12 да не покажува кон брусната
плоча; стрелката мора да покажува кон ознаката на
индексот 23.
Македонски | 225
1 609 92A 48B | (21.12.17)