Descargar Imprimir esta página

TESY ModEco Classic GCV 1004720 C21 TSR Instrucciones De Uso Y Mantenimiento página 187

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
IV.
ОПИС И ПРИНЦИП НА РАБОТА
Уредот се состои од тело, обрач на долната страна /
за бојлери наменети за вертикална монтажа/ или
на страните /за бојлери наменети за хоризонтална
монтажа/, заштитен пластичен панел и безбедносен
вентил.
1.
Телото се состои од челичен резервоар (сад за вода)
и куќиште (надворешен оклоп) со термална изолација
поставена помеѓу, направена од еколошки чиста
полиуретанска пена со висока густина, и две цевки со
навој G ½ '' за довод на ладна вода (означени со син
прстен) и излезна цевка за топла вода (означена со
црвен прстен).
Внатрешниот сад може да е од различен тип во
зависност од моделот:
Направен од челик, заштитен од корозија од
специјален слој од стакло-керамика
Направен од нерѓосувачки челик
Вертикалните бојлери може да се поврзат со вграден
уред за размена на топлина (цевка за бојлер). Влезот
и излезот на оваа цевка се лоцирани на страните и
претставуваат цевки со навој G ¾ ".
2.
Обрачок се состои од: електричен греач и
термостат. Греачите со слој од стакло-керамика имаат
магнезиумска заштита.
Греачот се користи за загревање на водата во садот
и се контролира преку термостатот, кој автоматски ја
одржува избраната температура.
Термостатот има вграден безбедносен уред кој штити
од прегревање, кој го исклучува греачот кога водата ќе
постигне високи температури.
3.
Безбедносниот вентил спречува целосно празнење
на уредот во случај на прекин на доводот за ладна
вода. Вентилот го штити уредот од зголемување на
притисокот на вредности поголеми од дозволените
при загревањето (притисокот се зголемува со
зголемување на температурата), преку испуштање
на притисокот низ отворот за истекување.
Безбедносниот вентил не може да го заштити
уредот во случај на притисок на доводот на вода
кој е поголем од назначените вредности за уредот.
V.
МОНТИРАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ! Погрешната инсталација и
поврзување на апаратот може да предизвика
опасност за здравјето и животот на
корисниците како е можно да нанесе тешки
континуирани последици на нив, вклучувајќи но не
ограничувајќи со физички оштетувања и / или смрт. Ова
исто така може дадоведе до оштетувања на нивниот
имот/ оштеување и / или уништување( како и тоа на
трети страни предизвикани вклучувајќи, но не само од
поплавување, експлозија и пожар.
Инсталирањето, поврзувањето со водоводната
електричната мрежа пуштањето во експлоатација
мора да го извршуват само и единствено квалификувни
електричари и техничари, овластени за ремонт и
инсталирање на апаратот, кои се добили правоспособност
на територијата на земјата на која се врши
инсталирањето и пуштањето во експлоатаација на
апаратот и во согласност со нормативната уредба.
Македонски
1.
Монтирање
Препорачуваме монтирање на уредот во близина на
местото каде што се користи топлата вода, со цел да се
намали губење на топлината при транспорт. Во случај
на монтажа на уредот во бања, избраната локација мора
да ја исклучи можноста за прскање на вода преку тушок
или додатокот за туширање. Уредот е фиксиран за ѕид
преку држач за монтажа кој е прикачен за телото на
уредот (ако држачот не е прикачен, треба да се прикачи
со доставените завртки). Двете куки се користат за
закачување на уредот (мин. Ø 10 mm) и цврсто треба
да се прикачат на ѕидот (не се вклучени во сетот за
монтажа). Конструкцијата на држачот за монтажа која
е дизајнирана за бојлери со вертикална монтажа е
универзална и овозможува растојание на куките од 220
до 310 mm (сл. 1a). За бојлери со хоризонтална монтажа,
растојанието меѓу куките варира за различните модели
и се назначени во табела 1 до сл. 1b.
Со цел да се спречи повреда на корисникот и
трети лица во случај на грешка во системот
кој овозможува топла вода, уредот мора да се
монтира во просторија која има подна хидроизолација
и одвод. Не поставувајте предмети, кои не се
водоотпорни, под уредот под никоја околност. Во
случај на монтажа на уредот во просторија која нема
подна хидроизолација, потребно е да се постави одвод
под уредот.
Забелешка: сетот не вклучува заштитна када и
корисникот мора да ја избере истата.
2.
Поврзување со водовод
Сл. 3: a) – за вертикална; b) – за хоризонтална
инсталација
Каде: 1 – Влезна цевка; 2 – Безбедносен вентил; 3 –
Вентил за редукција (за притисок на вода > 0,6 MPa);
4 – Запирачки вентил; 5 – Инка поврзана со одвод; 6 –
Црево; 7 – Славина за истекување на вода
По поврзување на бојлерот со водоводот, мора да
ги следите индикативните ознаки /прстени/ кои се
прикачени на цевките: сино за ладна /влезна/ вода,
црвено за топла /излезна/ вода.
Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен
со бојлерот е задолжително. Безбедносниот вентил
мора да се монтира на цевката за ладна вода, следејќи
ја насоката на стрелката која е испечатена на телото
и ја покажува насоката на влезната вода. Не смее да
се монтираат дополнителни запирни вентили меѓу
безбедносниот вентил и бојлерот.
Исклучок: Ако локалните регулативи (норми) бараат
употреба на дополнителен заштитен вентил или
механизам (во согласност со EN 1487 или EN 1489),
тогаш мора дополнително да се купи. За механиззми
кои работат во согласност со EN 1487 назначениот
работен притисок не смее да биде повисок од 0.7
MPa. За други заштитни вентили, притисокот на кои
се калибрирани треба да биде за 0.1 MPa понизок
од назначениот притисок на знакот на уредот. Во тој
случај, безбедносниот вентил које доставен со уредот
не треба да се користи.
Упатство за употреба и одржување
MK
155

Publicidad

loading