Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 611 272 100 Manual Original página 137

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
OBJ_BUCH-861-007.book Page 137 Thursday, June 2, 2016 1:23 PM
Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика D)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно без користење на дополнителни алати да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се
маневрира, условено од системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Извадете го SDS-max алатот за вметнување
(види слика E)
– Турнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и извадете
ја запчестата глава за дупчење.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење 14 (види „Замена
на запчестата глава за дупчење", страна 136).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 14
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 14
и затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
9 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 14 со
помош на клучот за затегање на главата за дупчење во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се извади алатот за вметнување.
Вшмукување на прав со Saugfix (опрема)
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Bosch Power Tools
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на Saugfix (види слика F)
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix (опрема).
При дупчењето Saugfix амортизира наназад, така што
главата на Saugfix секогаш стои припиена на подлогата.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот за
длабочина 10 и извадете го граничникот за длабочина
11. Одново притиснете го копчето 10 и вметнете го
Saugfix однапред во дополнителната дршка 12.
– Приклучете едно црево за вшмукување (дијаметар
19 мм, опрема) на отворот за вшмукување 16 од
Saugfix.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix
(види слика G)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и при
монтиран Saugfix.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus 1. Инаку, доколку SDS-plus-
алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно
подесување на длабочината на дупчење.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 20 на Saugfix.
– Поставете го електричниот апарат без да го вклучувате
на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-алатот за
вметнување притоа мора да легне на површината.
– Водечката цевка 21 на Saugfix поставете ја во држачот,
така што главата на Saugfix ќе легне на површината за
дупчење. Не ја туркајте водечката цевка 21 над
телескопската цевка 19 повеќе одошто е потребно,
доволно е да се гледа што е можно поголем дел на
сликата од телескопската цевка 19.
– Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 20.
Олабавете го шрафот за затворање 17 на граничникот
за длабочина од Saugfix.
– Поместете го граничникот за длабочина 18 на
телескопската цевка 19, така што растојанието
прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на
дупчење што сакате да ја постигнете.
– Зацврстете го шрафот за затворање 17 во оваа
позиција.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Македонски | 137
1 609 92A 2A6 | (2.6.16)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gbh 2400 professional0 611 253 8