Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 611 272 100 Manual Original página 138

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
OBJ_BUCH-861-007.book Page 138 Thursday, June 2, 2016 1:23 PM
138 | Македонски
Подесување на начинот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 изберете
го начинот на работа на електричниот апарат.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување 8 и свртете го прекинувачот за
запирање на удари/вртежи 9 во саканата позиција
додека не слушнете дека се вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон
или камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
зашрафување/одвртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за
запирање на удари/вртежи 9 не се
вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 4
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: Свртете го прекинувачот за правец на
вртење 4 од двете страни до крај во позиција
Тек на лево: Свртете го прекинувачот за правец на
вртење 4 од двете страни до крај во позиција
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6.
– За Фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување, држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање 5.
– За вклучување на електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6. Доколку
сте го блокирале прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 најпрво притиснете го
истиот и потоа отпуштете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
1 609 92A 2A6 | (2.6.16)
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 6.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 се постигнуваат мал број на
вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи/удари.
Спојка за заштита од преоптоварување
 Доколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го,
поради јачината со која работи, цврсто со двете
дланки и застанете во сигурна положба.
 Исклучете го електричниот апарат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат моменти на
блокирање.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во36 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
9 во позиција „Vario-Lock" (види „Подесување на
начинот на работа", страна 138).
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
9 во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот за алат ќе
се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на десен
тек.
.
Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач
(види слика H)
.
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач
потребен ви е универзален држач 22 со SDS-plus вратило
за прифат (опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот
на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на
универзалниот држач. Користете само битови што се
соодветни на главата за зашрафување.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gbh 2400 professional0 611 253 8