Descargar Imprimir esta página

Skil 5740LA Manual Original página 144

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 45
- подигнете/спуштете го нивото J додека не ја
подесите саканата длабочина за сечење, на
скалата, со користење на индикаторот K
- затегнат регулатор H
• Подесување на аголот на сечење (0-45°) 6
- пуштете го копчето L
- налегнувајте го алатот додека не го подесите
саканиот агол на сечење, со користење на
индикаторот M
- прицврстете го копчето L
! при косо сечење, длабочината на сечењето не
одговара на вредностите на прикажаната
скала за длабочина на сечењето
• Проверка на аголот за сечење од 90° 6
- подесете и прицврстете го нивото J на
максимална длабочина за сечење 5
- подесете и прицврстете го аголот на сечење на 0°
- проверете го аголот од 90° помеѓу двете сечила и
дното на нивото, со помош на квадрат
- доколку е неопходно подесување, спуштете го и
прицврстете го нивото на 45° и свиткајте го
јазичето N со помош на клучот за подесување
• Прилагодлив визир за линијата на пилата P 7a
- за водење на електричниот алат низ саканата
линија означена на местото на работата
- за рамно сечење под агол од 0° или косо сечење
под агол од 45° користете ја линијата на
индикаторот
! широкиот дел на нивото би требало да стои а
потпирачот на местото каде се работи
- може да се прилагодува за да ви се дозволи да
изберете дали отпадниот материјал ќе биде од
надворешната или внатрешната страна на
сечивото 7b
! широчината на сечењето се определува со
широчината на запците на сечилото, а не со
широчината на сечилото
! секогаш најпрво изведете пробно сечење за
да ја проверите вистинската линија на
сечењето
• Вшмукување прашина
- приклучете ја правосмукалката на продолжетокот
Q 8
! никогаш не дозволувајте цревото на
правосмукалката да дојде во допир со
долниот заштитен механизам или со
операцијата на сечење
- може да се употребува и кеса за прашина (SKIL
прибор 2610387402)
! не користете кеса за прашина/правосмукалка
кога сечете метал
• Работа со алатот 8
- вклучете го штекерот во извор на струја
- со едната рака секогаш држете ја рачката R
цврсто, а со другата силно држете ја рачката S
- поставете го електричниот алат со предниот крај
на рамното ниво на местото каде работите
! проверете запците на пилата да не се
закачени на местото каде се работи
- вклучете го алатот така што прво притиснете го
копчето T (= заштитно копче кое не може да се
блокира), а потоа повлечете го прекинувачот U
! електричниот алат би требало да се наоѓа во
полна брзина пред сечилото да дојде во допир
со местото каде се работи
- долниот заштитен механизам C автоматски се
отвара кога сечилото продира во местото каде се
работи (рачно отворете го долниот заштитен
механизам со помош на рачката D, само за
посебни видови сечење, на пример за длабинско
сечење)
! не применувајте сила врз алатот (применете
лесен и континуиран притисок за да избегнете
прегревање на врвовите на сечивата и во случај
на сечење пластика, топење на пластичниот
материјал)
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- по завршувањето на сечењето, исклучете го
алатот со пуштање на орозот U
! пред да го подигнете електричниот алат од
местото каде се работи, проверете дали е
дојдено до целосен прекин на работата на
сечилото
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Добрата страна на обработката секогаш вртете ја
надолу, за да обезбедите минимално кршење на
материјалот
• Користете само остри сечила, од соодветен вид 9
- квалитетот на сечењето се подобрува со бројот на
запците
- сечилата со карбиден врв остануваат остри 30
пати подолго од обичните сечила
• Кога користите шина за наведување (дополнителна
опрема на SKIL 2610Z04064) во комбинација со
адаптер, длабочината на пресекот може да се
намали до 14 мм за пресеците под 90°, како и за
оние под 45°
• Странична ограда V 0
- за правење на точни засеци низ работ на
материјалот кој се обработува
- може да се вметне на било која страна на нивото
Подесување на страничната ограда
- прилагодете до саканата длабочина на сечење со
употреба на паралелна скала за наведување
(користете визир за линија на пилата P со
0-референца)
- пуштете го копчето W
- прицврстете го копчето W
• Длабинско сечење !
- подесете ја саканата длабочина за сечење
- закосете го алатот со визирот за линијата на
пилата P порамнета со саканата линија на сечење
на материјалот за обработка
- отворете го долниот заштитен механизам C со
помош на рачката D
- непосредно пред сечилото да го допре
материјалот кој се обработува, вклучете го
електричниот алат и постепено спуштајте го
задниот крај на алатот, со користење на предниот
крај на нивото како показател
- постепено движете го алатот надолу и напред
144

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

5740F0155740F0155740la