лизгање или паѓање, што може да резултира со
повреда.
Не ракувајте со косилката на многу стрмни падини.
u
Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање
или паѓање, што може да резултира со повреда.
Кога работите на падини, секогаш погрижете се
u
вашето подножје да е безбедно, секогаш работете
преку нагибот, никогаш по угорнина или удолница
и бидете исклучително внимателни кога го
менувате правецот. Ова го намалува ризикот од
губење контрола, лизгање или паѓање, што може да
резултира со повреда.
Бидете внимателни кога ја потпирате или влечете
u
косилката кон себе. Секогаш бидете свесни за
вашето окружување. Ова го намалува ризикот од
сопнување за време на работата.
Не допирајте ги сечилата и другите опасни
u
подвижни делови додека се уште се во движење.
Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните
делови.
Кога отстранувате заглавен материјал или ја
u
чистите косилката, погрижете се сите прекинувачи
да се наоѓаат во положба OFF и батеријата да биде
извадена. Неочекуваното стартување на косилката
може да предизвика сериозни повреди.
Дополнителни сигурносни напомени
Кога го прилагодувате уредот, внимавајте да не ги
u
заглавите вашите прсти помеѓу подвижните сечила и
фиксираните делови на машината.
Секогаш оставете го производот да се излади пред
u
складирање.
Испразнете го собирачот на трева пред да го
u
складирате.
Ракување
Препорачуваме да носите слушалки за заштита на
u
слухот.
Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете
u
машината, преку површини коишто не се трева и кога
ја носите машината до и од местото на косењето.
Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека
u
моторот работи.
Моторот исклучувајте го стоејќи со стапалата подалеку
u
од ротирачките сечила.
Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките
u
делови.
Кога косите, стоите што е можно подалеку од
u
косачката.
Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот
u
работи.
Кога ја преклопувате рачката во положба за
u
складирање, проверете ја положбата на кабелот за да
избегнете негово оштетување или приклештување.
Косилката нема да стартува кога рачките се
u
преклопени во положбата за складирање.
Bosch Power Tools
Кога ја складирате и оставате машината за трева во
u
хоризонтална положба, проверете дали батериите се
отстранети и дали е прекинувачот е исклучен.
Кога ја оставате машината за трева во вертикална
u
положба, проверете дали сечилата мируваат,
батериите да се отстранети и прекинувачот да биде
исклучен.
Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте
u
внимателно со рачката.
Исклучете го уредот од струја
– За време на транспортот на косилката.
– Секогаш кога ќе се оддалечите од градинарскиот алат.
– Пред отстранување на пречка.
– Пред прегледување, чистење и поправка на машината.
– Веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по
оштетување прегледајте ја машината и извршете ги
неопходните поправки.
– Ако косачката почне да вибрира неконтролирано
(проверете веднаш).
Напомени за оптимално користење на
батериите
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
u
канцелариски спајалици, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
u
Инаку, постои опасност од експлозија.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
u
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Полнете ги батериите само со полначи одобрени од
u
Bosch.
Македонски | 195
F 016 L94 629 | (23.10.2023)