Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GSS 140 Manual Original página 112

Ocultar thumbs Ver también para Professional GSS 140:

Publicidad

112 | Македонски
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Менување на брусните листови
Пред да ставите ново брусно сечило, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча (3), на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусното сечило да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови без леплива лента (види слики A–C)
❶ Олабавете го затезниот стремен (4) од механизмот за
фиксирање и навалете го надолу.
❷ Вметнете го брусниот лист (5) под задниот
терминален блок (2). Внимавајте брусниот лист (5)
да не е прекраток и да биде правилно прицврстен.
Навалете го затезниот стремен (4) назад во излезната
позиција и фиксирајте го таму.
❸ Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната
плоча(3). Прицврстете го предниот дел на брусната
плоча под предниот терминален блок (6). Внимавајте
брусниот лист (5) да не е прекраток и да биде
правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен
(4) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму.
За да го извадите брусниот лист (5) олабавете ги двата
затезни стремени (4) и извлечете го брусниот лист од
неговиот држач.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење (11) за всисување на прав.
Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика D).
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
1 609 92A 8RN | (03.08.2023)
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
За обработка на обоени/лакирани слоеви
одн. подлоги, како маса за полнење и
шпахтел маса
За брусење на боја
За брусење на основната боја
За крајно брусење на основната
боја пред лакирање
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со ќеса за прав (GSS 140 A)
(види слики E–G)
Ставете ја и притиснете ја целосната ќеса за прав (8) на
млазниците за издувување (9) додека не дојде на исто
ниво со алатот.
За празнење целосно извадете ја ќесата за прав (8) од
млазниците на издувување (9).
Напомена: За да обезбедите оптимално всисување на
прав, навремено испразнете ја ќесата за прав (8).
Гранулација
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што ќесата за прав (8) ќе биде
40 – 240
насочена надолу.
Надворешно всисување (GSS 140 A) (види слика H)
грубо
40, 60
Ставете црево за всисување (10) на млазниците за
издувување (9).
Гранулација
среден 80, 120
фино
180, 240
40 – 240
грубо
40, 60
среден 80, 120
фино
180, 240
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gss 140 a