Descargar Imprimir esta página

Makita YL00000003 Manual De Instrucciones página 23

Portabatería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 8
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред употреба, прочитајте го упатството за
употреба на производот од Makita што ќе се
користи со држачот за батерии.
Користете го држачот за батерии само
со производите назначени од Makita.
Монтирањето на држачот за батерии на
неусогласени производи може да резултира
со пожар, прекумерна топлина, експлозија
или истекување на електролитот.
МОНТИРАЊЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
уредот пред да ја монтирате или отстраните
касетата за батерија.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги држачот за батерии
и касетата за батерија цврсто кога ја монтирате
или отстранувате касетата за батерија. Ако не
ги држите цврсто држачот за батерии и касетата за
батерија, тие може да се лизнат од вашите раце и
да дојде до нивно оштетување, како и до телесна
повреда.
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија 4. Држач за батерии (опционален
додаток)
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Секогаш вметнувајте ја
касетата за батерија до крај додека не се блокира во
место при што ќе се слушне мало кликнување. Ако
можете да го видите црвениот индикатор на горната
страна од копчето, тоа значи дека не е целосно
блокирана во место.
За да ја извадите касетата за батерија, повлечете ја
од држачот за батерии додека го притискате копчето
на предната страна на касетата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, касетата
за батерија може случајно да испадне од држачот
за батерии, со тоа предизвикувајќи повреда вам
или некому околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батерија на сила. Ако касетата за
батерија не може да се лизне лесно, тоа значи
дека не е поставена правилно.
Употреба на куката за ремен на
држачот за батерии
Доколку го закачите држачот за батерии на ременот
за појас, прикачете ја куката за ремен на држачот
за батерии на ременот за појас, а потоа поврзете го
машкиот приклучок со приклучокот на држачот за
батерии.
► Сл.2: 1. Кука за ремен 2. Држач за батерии
3. Ремен за појас 4. Приклучок 5. Машки
приклучок
ЗАБЕЛЕШКА:
паѓање на држачот за батерии, закачете лента
користејќи го отворот за ленти и обезбедете го.
Држачот за батерии има функција што спречува
паѓање. Кога го отстранувате држачот за батерии од
каишот, повлечете го нагоре додека го притискате
копчето за одблокирање.
► Сл.3: 1. Копче за одблокирање
Поврзување USB-уреди
ВНИМАНИЕ:
што се компатибилни со USB-портата за
напојување. Во спротивно, може да дојде до
дефект на држачот за батерии.
ЗАБЕЛЕШКА:
уредот со држачот за батерии (со батеријата),
секогаш правете резервна копија на
податоците на USB-уредот. Во спротивно, може
да дојде до губење на податоците.
Држачот за батерии (со касетата за батерија)
може да работи како надворешно напојување за
USB-уредите.
Отворете го капакот и поврзете го USB-кабелот (не
е вклучен) со портата за напојување на држачот
за батерии. Потоа поврзете го другиот крај од
кабелот со уредот и вклучете го прекинувачот покрај
USB-портата.
Држачот за батерии (со касета за батеријата)
испорачува наизменична струја од 5 V, 2,4 A
(максимално).
► Сл.4: 1. Капак 2. Прекинувач
НАПОМЕНА: Држачот за батерии може да не
испорачува енергија на некои USB-уреди.
НАПОМЕНА: Кога не се користи или по полнење,
отстранете го USB-кабелот и затворете го капакот.
НАПОМЕНА: Енергијата на батеријата се
троши додека прекинувачот е вклучен. Секогаш
исклучувајте го прекинувачот кога не се користи.
НАПОМЕНА: Кога се полнат повеќе USB-уреди
во низа, почекајте околу 10 секунди откако
полнењето на претходниот уред завршило пред да
започнете со полнење на следниот уред.
23 МАКЕДОНСКИ
За да се спречи случајното
Поврзувајте само уреди
Пред поврзување на USB-

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Yl00000004