Безбедносни Напомени За Полначи - Bosch AHS 48-20 LI Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para AHS 48-20 LI:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
OBJ_BUCH-2506-002.book Page 213 Monday, August 29, 2016 4:28 PM
 Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
електричните ножици.
 Чувајте ја машината на суво, затворено место,
повисоко од подот и вон дофат на деца.
 Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги
истрошените или оштетените делови.
 Не обидувате се сами да ја поправате машината, освен
ако ја немате соодветната обука.
 Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
Напомени за оптимално користење на
батериите
 Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и
ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
косачката работи може да предизвика несреќа.
 Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
 Заштитете ја батеријата од влага и вода.
 Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
 Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Bosch Power Tools
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе
ги проучите сите функции и може да
ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги
добиете потребните упатства.
Овој полнач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење. Овој полнач
може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор од лица одговорни за
нивната безбедност или се
подучени за безбедно ракување
со полначот и ги разбираат
опасностите кои може да
произлезат поради тоа. Инаку
постои опасност од погрешна
употреба и повреди.
Надгледувајте ги децата за
време на користењето,
чистењето и одржувањето. Така
ќе се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Македонски | 213
F 016 L81 388 | (29.8.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido