OBJ_BUCH-2506-002.book Page 214 Monday, August 29, 2016 4:28 PM
214 | Македонски
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
од 1,5 Аh (од 5 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
Полнете само литиум-јонски батерии од Bosch.
Напонот на батеријата мора да одговара на напонот
за полнење на батеријата. Инаку постои опасност од
пожар и експлозија.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Не ги покривајте отворите за проветрување на
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
Одржување
Извадете ја батеријата пред чистење, поправање
или складирање на машината.Секогаш носете
заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или
во нивна близина.
Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги
веднаш оштетените или изабените делови.
Секогаш пред складирање подмачкајте ја машината со
спреј за подмачкување.
Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
косачката.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
Подмачкувајте ја машината со спреј за
подмачкување пред секоја употреба.
F 016 L81 388 | (29.8.16)
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите
и нивното значење. Правилната интерпретација на
симболите ќе Ви помогне подобро и побезбедно да ја
користите косачката.
Ознака
Значење
Правец на движење
Правец на реакција
Носете заштитни ракавици
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Додатна опрема/резервни делови
Употреба со соодветна намена
Електричните ножици се дизајнирани за шишање и
поткастрување живи огради и грмушки во домашни
градини.
Bosch Power Tools