Bosch GGS 18 H Professional Manual Original página 130

Tabla de contenido

Publicidad

OBJ_BUCH-1048-005.book Page 130 Monday, March 21, 2016 2:41 PM
130 | Македонски
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
1 609 92A 2NY | (21.3.16)
Безбедносни предупредувања за брусилките
Општи безбедносни напомени за брусење и брусење
со брусна хартија
 Овој електричен апарат се употребува како алатка
за брусење и брусење со брусна хартија.
Внимавајте на сите безбедносни напомени,
упатства, прикази и податоци што сте ги добиле во
прилог на електричниот апарат. Доколку не
внимавате на следните упатства, може да дојде до
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
 Овој електричен апарат не е погоден за работа со
жичани четки, полирање и сечење со брусни плочи.
Доколку го користите електричниот апарат за
несоодветни намени, може да предизвика опасност и
повреди.
 Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Утврдената брзина на дополнителната опрема за
брусење мора да биде најмалку еднаква на
максималната брзина означена на електричниот
алат. Дополнителната опрема за брусење која работи
побрзо од утврдената брзина може да се скрши и да се
распрска насекаде.
 Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот моќен алат. Дополнителна опрема
со несоодветна величина не може соодветно да се
контролира.
 Брусните плочи, брусните валјаци или другата
опрема мора да биде соодветна на вретеното за
брусење или затезната чаура на вашиот електричен
апарат. Алатите за вметнување што не може точно да се
прицврстат во прифатот за алат на електричниот
апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и
може да доведат до губење на контролата.
 Вретенаста брусна четка, брусен валјак, резачи и
другата дополнителна опрема мора целосно да биде
вметната во затезната чаура или полугата. Ако
вретеното не е доволно зацврстено и/или валјакот
премногу стрчи, валјакот може да се олабави и да
отпадне со голема брзина.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секое користење, проверете ги алатите што се
вметнуваат како на пр. дали брусните плочи имаат
скинати делови и процепи, дали на брусните валјаци
има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и
дали има олабавени или скршени жици на жичаната
четка. Доколку ви падне електричниот апарат или
алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен
или пак употребете неоштетен алат за вметнување.
Откако сте го провериле и ставиле алатот за
вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат
во близина на нивото на ротирачкиот алат што се
вметнува и оставете го алатот да врти една минута
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido