на електрична струја, негативниот притисок во просторијата
не смее да биде поголем од 0,04 mbar, со цел да се спречи
враќање на издувните гасови назад во просторијата од
страна на аспираторот.
• Воздухот не смее да се испушта во оџак што се користи
за испуштање гасови од апарати што работат на гас или
на други горива.
• Ако е оштетен кабелот за струја, мора да биде заменет од
производителот или од негов агент за сервисирање.
• Поврзете го приклучокот во штекер којшто одговара на
тековните регулативи и се наоѓа на пристапна локација.
• Во однос на техничките и безбедносните мерки за
испуштање гасови, важно е стриктно да се следат
регулативите на локалните власти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да го монтирате
аспираторот, отстранете ги заштитните фолии.
• Користете само шрафови и мали делови за потпора на
аспираторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако шрафовите или уредот за
фиксирање не ги монтирате во согласност со овие
упатства, може да дојде опасности поврзани со струјата.
• Не гледајте директно во светлото низ оптички уреди
(двоглед, лупа...).
• Не фламбирајте храна под аспираторот; постои опасност
од пожар.
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години
и лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или со недоволно искуство и знаење, ако се
под надзор или ако им се даваат упатства за употребата
на апаратот на безбеден начин и свесни се за опасностите.
Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и
одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.
• Малите деца треба да бидат под надзор за да не играат
со уредот.
• Апаратот не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучително и деца) со намалени физички, сензорни или
ментални способност, или со недоволно искуство и знаење,
освен во случаи кога се под надзор или кога добиваат
упатства во врска со користењето на уредот.
MACEDONIAN
151