Bosch UniversalChainPole 18 Manual Original página 258

Ocultar thumbs Ver también para UniversalChainPole 18:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
OBJ_BUCH-3155-002.book Page 258 Wednesday, February 28, 2018 10:04 AM
258 | Македонски
пластика, ѕидови или градежни материјали кои не се
дрвени. Употребата на телескопската пила за
непредвидени работи може да доведе до опасни
ситуации.
 Причини и превенирање повратен удар:
– Повратен удар може да се случи кога врвот на
водилката допре нешто или кога дрвото се витка и го
потфатува ланецот во сечењето.
– Допирот на водилката во некои случаи може да
доведе до непредвидливи реакции, при што уредот
отскокнува нагоре и према ракувачот.
– Потфативањето на пилата од горната страна на
водилката може да отсечно да го отфрли сечилото кон
ракувачот.
– Секоја од овие реакции може да доведе до загуба на
контролата врз телескопската пила и со тоа до тешка
повреда. Како ракувач со пила, треба да преземете
разни мерки на заштита од несреќа и повреда при
работа.
Повратниот удар е резултат на погрешно или
неправило ракување со уредот. Може да се превенира
со преземање на следните мерки на претпазливост:
 Кога сечете гранка, сметајте на повратен удар. При
сечењето, гранката ќе се свитка надолу и може да го
потфати ланецот.
 Користете само ланец за сечење препорачан од
произведувачот. Несоодветен ланец може да пукне
или да доведе до повретен удар.
 Ако ножот е оштетен и мора да се замени, Ве молиме
обратете се кај Вашата Бош сервисна служба.
 Никогаш не оштрете го ланецот сами. Заменете го
ланецот за сечење со заменскиот ланец за сечење (F
016 800 489).
 Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени со
ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
 Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
 Кога не се употребува, чувајте ја телескопската пила
вон дофат на деца.
 Пред почеток на работата прегледајте го местото на
работа и одстранете ги сите можни причини за
опасност.
 Почекајте уредот сосема да застане и извадете ја
батеријата пред складирање. Дополнителниот
прибор може да се заглави или да предизвика повратен
удар и со тоа загуба на контролата врз уредот.
 Исклучете го уредот пред секоја промена на местото на
работа.
 Исечените гранки можат да паднат или да отскокнат и со
тоа да Ве повредат. Подолгите гранки сечете ги парче
по парче. (види слика N)
 Пред да е гранката сосем отсечена, само благо
притиснете ја. Можете да се повредите кога уредот
F 016 L81 582 | (28.2.18)
одеднаш ќе помине низ гранката и ќе падне надолу, ако
изгубите рамнотежа и контрола врз уредот.
Напомени за оптимално користење на
батериите
 Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и
ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
косачката работи може да предизвика несреќа.
 Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
 Заштитете ја батеријата од влага и вода.
 Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
 Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги
сите напомени и
упатства за
безбедност.
Грешките настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido