VOX electronics EG-161 Manual De Usuario página 44

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 12
ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА
• Внимателно прочитајте ги сите инструкци и зачувајте ги за понатамошна употреба.
• Отстранете ја целата амбалажа.
• Исчистете ги плочите за печење со сунѓер или крпа потопена во топла вода.
НЕ ПОТОПУВАЈТЕ ГО АПАРАТОТ ВО ВОДА И НЕ СТАВАЈТЕ ЈА ПОВРШИНАТА ЗА ГОТВЕЊЕ
ДИРЕКТНО ПОД МЛАЗ ВОДА
• Исушете со крпа или со хартиен бришач.
• За најдобар резултат, лесно премачкајте ги плочите со малку масло за готвење или со спреј за
готвење.
Напомена: Кога апаратот се загрева за прв пат, може да се осети благ мирис на чад. Тоа е
нормално кај поголем број на апарати за греење. Ова не влијае на безбедноста на Вашиот
уред.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ АПАРАТОТ
Пред прва употреба, одлепете го целиот промотивен материјал и отстранете ја амбалажата, и
проверете дали грејните плочи се прашливи. Доколку е потребно, пребришете ги со влажна крпа. За
најдобри резултати, ставете една кафена лажица масло на нелепливите плочи. Премачкајте со
бришач и избришете го вишокот на масло.
ПОДГОТОВКА НА ВАШИОТ АПАРАТ
• Затворете го апаратот и вклучете го приклучокот во ѕиден штекер, ќе видите црвено светло кое
свети, укажувајќи дека апаратот започнал со напојување. Тогаш можете да ја подесувате
температурата со помош на регулаторот вртејќи на десно за да ја контролирате температурата, и да
поставите на посакуваната опција "MIN"за храна со светла боја и "MAX"за потемна боја. Најпрво
пробајте да подесите на средина; ќе свети зелено светло означувајќи дека апаратот започнал со
загревање. Подоцна можете да подесите на послабо или појако спрема вашата желба; различна
храна исто така и различно се пече.
• Потребно е загревање на апаратот од 3-5 минути за да достигне температура на печење, зеленото
светло се гаси и апаратот е спремен за употреба.
ПЕЧЕЊЕ
За употреба како контактен грил
• Поставете го апаратот на посакуваната температура. Најпрво пробајте со највисокото ниво (max).
Подоцна можете да намалите или да зголемите по желба.
• Подгответе хамбургери, месо без коски и тенки шницли или друга храна во склад со упатството и
поставете ги на долната плоча за печење.
• Затворете ја горната плоча која има брановидна шарка дизајнирана за рамномерно притискање на
храната. Горната плоча мора да биде целосно спуштена за да се поклопат ознаките на апаратот во
зависност од одбраната храна.
• Кога храната е готова, користите ја рачката за да го отворите капакот. Отстранете ја храната со
помош на пластична лопатка. Никогаш не користите метални додатоци или нож бидејќи тие можат
да го оштетат слојот кој спречува лепење на храната за плочите.
• Користете го тостерот како контактен грил за да подготвите хамбургери, месо без коски, шницли и
зеленчук.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido