Опис На Производот И Перформансите; Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch Professional GKS 190 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para Professional GKS 190:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
Функција на долен заштитен поклопец
Пред секоја употреба проверете дали е правилно
u
затворен долниот штитник. Не работете со пилата
доколку долниот штитник не може слободно да се
движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте
или не го врзувајте долниот штитник додека е
отворен.Ако пилата случајно падне, долниот штитник
може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со
повлекување на рачката, и уверете се дека слободно
се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг
дел, на аглите и длабочината на засекот.
Проверете ја работата на пружината на долниот
u
заштитен поклопец. Доколку заштитниот поклопец
и пружината не функционираат правилно, мора да
се сервисираат пред употреба. Долниот заштитен
поклопец може побавно да работи поради оштетени
делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија.
Долниот штитник може рачно да се повлече за
u
одредени засеци, како што се „убодни засеци" и
„аголни засеци". Подигнете го долниот штитник со
повлекување на рачката, и кога сечилото ќе го
пробие материјалот, долниот штитник мора да се
отпушти.За сите останати засеци, долниот штитник
автоматски ќе работи.
Секогаш внимавајте долниот штитник да го
u
покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на
работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено
сечило ќе предизвика враќање на пилата наназад, и
сечење на сѐ со што ќе дојде во допир. Внимавајте на
времето што му е потребно на сечилото откако
прекинувачот ќе се ослободи.
Дополнителни безбедносни напомени
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Не работете со пилата над глава. Тогаш немате
u
доволна контрола врз електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е
u
предвиден за работа на маса за сечење.
При „длабински рез" и неаголни резови треба да се
u
постави водилката на пилата за да го спречи
страничното поместување. Страничното
поместување може да доведе до заглавување на
листот на пилата и до повратен удар.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Не сечете железни метали. Струготините би можеле
u
да го запалат вшмукувачот за прав.
Bosch Power Tools
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за правење на должински и
напречни резови на дрво со рамни и коси резови.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
(2) Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(3) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(4) Копче за блокирање на вретеното
(5) Скала за аголот на закосување
(6) Пеперутка-завртка за претходно избирање на
аголот на косо сечење
(7) Пеперутка завртка за паралелниот граничник
(8) Ознака за сечење 45°
(9) Ознака за сечење 0°
(10) Паралелен граничник
(11) Осцилаторен заштитен капак
(12) Основна плоча
(13) Лост за подесување на осцилаторен заштитен
капак
(14) Исфрлувач на струготини
(15) Заштитен капак
(16) Рачка (изолирана површина на рачката)
(17) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(18) Затезна завртка со подлошка
(19) Стезна прирабница
Македонски | 157
1 609 92A 4LN | (19.10.2018)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido