Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch Professional GNA 3,5 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para Professional GNA 3,5:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 17
OBJ_BUCH-101-005.book Page 103 Thursday, April 28, 2016 3:17 PM
Подмачкување/ладење на втиснувачот
За да го продолжите животниот век на втиснувачот 10,
треба да употребите средство за подмачкување со добра
функција на ладење (напр. масло за сечење).
Нанесете еден слој од средството за подмачкување на
горната страна на лимот по должина на планираната
линија на сечење. При подолго работење или работа со
зголемено триење (напр. сечење на алуминиум) треба
редовно да го потопувате алатот за вметнување во сад со
средство за подмачкување.
Сечење според вцртана линија или со шаблон
Клунот на долниот држач 12 може да го користите како
ознака доколку сечете според вцрстана линија.
Правите резови може полесно да се изведат, доколку го
водите електричниот апарат по должина на линијар.
За внатрешни изрези потребен е отвор со дијаметар од
41 мм.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
На секои 3 часа исчистете ги и подмачкајте ги втиснувачот
10, матрицата 14 и водечката плоча 11.
Доколку се истрошени втиснувачот, матрицата и водеч-
ката плоча, навреме заменете ги, бидејќи квалитетно
сечење може да се постигне само со остри алати и со нега
на електричниот апарат.
Менување на матрицата
Олабавете ги и извадете ги двата шрафа 9. Ставете нова
матрица и добро затегнете ја со шрафовите 9.
Истрошената матрица не смее дополнително да се бруси.
Менување на водечката плоча
Водечката плоча 11 служи за заштита на држачот на
матрицата 15.
За менување на водечката плоча, извадете ја матрицата
14 (види „Менување на матрицата"). Олабавете ги и
извадете ги шрафовите 13 на долниот држач. Извадете го
долниот држач 12 и водечката плоча 11.
Ставете нова водечка плоча. Прицврстете ја матрицата со
шрафовите 9 и долниот држач со шрафовите 13. Добро
затегнете ги сите шрафови.
Менување на втиснувачот
Ставете го инбус клучот 4 во главата на шрафот за пози-
ционирање на втиснувачот 16. Свртете го позиционира-
њето на втиснувачот, така што шрафот 7 ќе се најде точно
во средината на отворот 8 на држачот на матрицата. Изва-
дете го инбус клучот од позиционерот на втиснувачот 16.
Извадете ја матрицата 14 (види „Менување на матрицата")
како и долниот држач 12 и водечката плоча 11 (види
„Менување на водечката плоча").
Bosch Power Tools
Олабавете го шрафот 7 за прицврстување на втиснувачот
и извлечете го втиснувачот 10 надолу. Добро подмачкајте
го новиот одн. избрусениот втиснувач и вметнете го
одоздола. Повторно затегнете го шрафот 7.
Прицврстете ги водечката плоча 11 и долниот држач 12
како и матрицата 14 (види„Менување на водечката плоча"
како и „Менување на матрицата").
Дополнително брусење на втиснувачот
Навременото брусење (напр. со дијамантска брусна
плоча за сечење) може да го спречи кршењето на
втиснувачот. Многу оштетениот втиснувач не смее
дополнително да се бруси.
Втиснувачот смее да се избруси максимално до 1 мм.
Брусењето смее да се врши само на површината и точно
под 90° во однос на средишната оска.
Фино избрусете ги исечените рабови на втиснувачот со
камен за брусење со употреба на масло.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне
доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме
наведете го 10-цифрениот број од спецификационата
плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и елек-
тронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 103
1 609 92A 2PT | (28.4.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido