Makita UB400MP Manual De Instrucciones Original página 171

Accesorio de soplado
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 39
17. Приспособете ја должината на млазникот
на дувалката, така што пареата да делува
блиску до земјата.
18. Доколку дувалката удри во надворешен
предмет или почне да прави невообичаена
бучава или вибрации, веднаш исклучете ја
за да го запрете тоа. Извадете ја касетата
за батерија или свеќичката од дувалката и
проверете дали дувалката има оштетувања
пред одново да ја стартувате и да работите
со неа. Доколку дувалката е оштетена,
побарајте поправка од овластените
сервисни центри на Makita.
19. Не вметнувајте прсти или други предмети
во доводот за смукање или одводот за
дување.
20. Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред вметнување касета за батерија,
подигање или носење на дувалката.
Носењето на дувалката со прстот на
прекинувачот или со вклучен прекинувач е
може да предизвика несреќи.
21. Никогаш не дувајте опасни материјали, како
шајки, парчиња стакло или сечила.
22. Не ракувајте со дувалката близу до
запаливи материјали.
23. Избегнувајте работа со дувалката долго
време во средина со ниска температура.
24. Пред да ја склопувате или нагодувате
машината, исклучете го моторот и извадете
го капачето на свеќичката или касетата за
батеријата.
25. Носете лична заштитна опрема пред да го
стартувате моторот.
26. Пред да го стартувате моторот, проверете
дали на машината има оштетувања,
лабави завртки/навртки или неправилно
склопување. Проверете дали сите
контролни лостови и прекинувачи
функционираат исправно. Исчистете ги и
исушете ги рачките.
27. Никогаш не обидувајте се да го вклучите
моторот ако машината е оштетена или ако
не е целосно склопена.
28. Нагодете ги ременот за рамо и дршката за
рака да одговараат на големината на телото
на операторот.
29. Додека моторот работи напразно, прикачете
го ременот за рамо.
30. При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете ја машината цврсто од вашата
десна страна.
► Сл.2
31. Држете ја предната рачка со левата рака, а
задната дршка со десната рака, без оглед
дали сте деснак или левак. Свиткајте ги
прстите и палците околу рачките.
32. Никогаш не обидувајте се да работите со
машината со една рака. Ако загубите контрола,
може да дојде до сериозна или фатална повреда.
За да го намалите ризикот од повреди, чувајте
ги рацете и стапалата подалеку од четките или
барабаните за метење.
33. Ако машината се здобие со тежок удар или
пад, проверете ја нејзината состојба пред
да продолжите со работа. Проверете дали
има протекување во системот за гориво
и дефект кај контролните и сигурносните
уреди. Доколку има какво било оштетување
или сомнеж за тоа, побарајте проверка и
поправка од наш овластен сервисен центар.
34. Следете го прирачникот со упатства на
уредот за напојување за правилна употреба
на контролниот лост и прекинувач.
35. За време на работата или по неа, не ставајте
ја вжештената машина на сува трева или
запаливи материјали.
36. Погледнете во упатството за употреба
на уредот за напојување за начинот на
стартување и контрола на машината.
Полнење гориво
1.
Запрете го моторот пред да полните гориво.
Чувајте го настрана од отворен пламен
и искри. Никогаш не пушете за време на
полнењето гориво. Во спротивно, може да
дојде до пожар и/или експлозија.
2.
Полнете гориво на отворено. Полнење
гориво во затворена просторија може да
предизвика експлозија од пареата од горивото.
Избегнувајте контакт со гориво или моторно
3.
масло. Не вдишувајте ја пареата од горивото. Ако
се истури гориво или масло, веднаш избришете
го од машината и/или од земјата. Ако се истури
гориво на вашата облека, веднаш пресоблечете
се за да спречите нејзино запалување.
4.
По полнењето гориво, внимателно затегнете го
капачето на резервоарот за гориво и проверете
да не протекува гориво. Поместете се на
најмалку 3 м (10 стапки) од изворот и местото за
полнење гориво пред да го стартувате моторот.
Транспортирајте го и складирајте го
5.
горивото само во одобрени садови. Држете
ги децата подалеку од складираното гориво.
Транспорт
Запрете го моторот при транспорт. Во
1.
спротивно, ненамерното стартување може да
предизвика повреда.
2.
Осигурете безбедна положба на машината
при транспортирање со автомобил за да
избегнете истекување на горивото.
3.
При носење, подигнете ја машина целосно од
земјата. Влечењето на машината предизвикува
оштетување на резервоарот за гориво и истекување
на горивото, што може да резултира со пожар.
4.
Кога ја транспортирате опремата, носете ја во
хоризонтална положба, држејќи ја за оската. Држете
го жешкиот придушувач подалеку од телото.
Вибрации
1.
Изложувањето на прекумерни вибрации
може да им наштети на крвните садови
или нервниот систем на операторот и да ги
предизвика следните симптоми во прстите,
рацете или зглобовите: „Заспивање"
(отрпнатост), трнење, болка, чувство на
прободување, промена на бојата на кожата
или промена на кожата. Ако ви се случи
некој од овие симптоми, посетете доктор.
171 МАКЕДОНСКИ

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido