Bosch ART UniversalGrassCut 18-230 Manual Original página 213

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
OBJ_BUCH-1981-005.book Page 213 Wednesday, September 14, 2016 4:27 PM
Краток спој меѓу двата пола може
да предизвика пожар или
изгореници.
Доколку се оштети батеријата
или не се користи правилно, од
неа може да излезе пареа.
Внесете свеж воздух и доколку
има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги
надразни дишните патишта.
Користете батерии кои се
соодветни на Вашиот производ
од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно
преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од
острите предмети како на пр.
клинци или шрафцигер или
надворешно влијание. Може да
дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали,
пушти чад, експлодира или да се
прегрее.
Не предизвикувајте краток спој
на батеријата. Инаку, постои
опасност од експлозија.
Заштитете ја батеријата од влага и
вода.
Складирајте ја батеријата во
граници на температура од –20 °C
до 50 °C. не ја оставајте батеријата
на пр. во автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за
проветрување на батеријата со
мека, чиста и сува четка.
Bosch Power Tools
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе
ги проучите сите функции и може да
ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги
добиете потребните упатства.
Овој полнач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење. Овој полнач
може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор од лица одговорни за
нивната безбедност или се
подучени за безбедно ракување
со полначот и ги разбираат
опасностите кои може да
произлезат поради тоа. Инаку
постои опасност од погрешна
употреба и повреди.
Надгледувајте ги децата за
време на користењето,
чистењето и одржувањето. Така
ќе се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Македонски | 213
F 016 L81 652 | (14.9.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido