Вшмукување На Прав/Струготини; Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GPO 14 CE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GPO 14 CE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-3431-001.book Page 151 Monday, November 6, 2017 10:02 AM
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
5 и држете го притиснат.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 5 турнете го прекинувачот за
исклучување/вклучување 5 понапред.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 и потоа ослободете го.
 Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
Одредување на број на вртежи
Со копчето за подесување на бројот на вртежи 4 може да
го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
Bosch Power Tools
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Позиција на вртливото
Број на вртежи во празен
копче за подесување
од (min
1
750
2
1200
3
1600
4
2000
5
2400
6
3000
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 По силното оптоварување, оставете го електричниот
апарат уште неколку минути во празен од, за да се
излади.
При брусење на меки материјали, на пр. гипс или боја,
најдобро е да го употребувате гумениот брусен диск 18 со
брусен лист 19.
За отстранување на р'ѓа соодветни се лончестите четки 21
и плочестите четки.
Полирање
За полирање на лакови оштетени од времето или
полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло)
електричниот апарат може да се опреми со соодветните
алати за полирање како јагнешко крзно за полирање,
филц за полирање (опрема).
При полирањето изберете понизок број на вртежи (степен
1–2), за да избегнете прекумерно загревање на
површината.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на
помала површина. Средството за полирање нанесете го
со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни
движења и масивен притисок.
Оставете да се осуши средството за полирање на
површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш
не ја изложувајте исполираната површина на директно
сончево зрачење.
Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите
добри резултати од полирањето. Исперете ги алатите за
полирање со нежно средство за перење и топла вода, не
користете средства за разредување.
Македонски | 151
-1
)
1 609 92A 45K | (6.11.17)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gpo 14 ce

Tabla de contenido