Вшмукување На Прав/Струготини; Начини На Работа - Bosch GKM 18V-50 Manual Del Usuario

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен
капак (21) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (18) на приклучната
прирабница (19). Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
осцилаторниот заштитен капак (21).
– Поставете ја стезната прирабница (17) и затегнете ја
затезната завртка (16) во правец на вртење ➋.
Внимавајте на правилна положба на монтирање на
приклучната прирабница (19) и стезната прирабница
(17).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (1) и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (5) затегнете
ја стезната завртка (16) во правец на вртење ➋.
Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што
одговара на рачно затегање плус 1/8 вртење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. боја што содржи
олово, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички на метал важат како опасни, особено
во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или
хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика B)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (10). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (13), а за
Bosch Power Tools
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча
(13). Саканата димензија подесете ја на скалата за
длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го
затезната рачка (10).
Затезната сила на затезната рачка (10) може
дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната
рачка (10) и повторно затегнете ја поместена за најмалку
30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Ако се користи батеријата ProCORE18V
12.0Ah, за време на обработката таа може евентуално да
налегне на делот што се обработува. Тогаш не може да се
достигне максималната длабочина на сечење.
Ознаки за сечење
Ознаката на резот (12) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Куки за закачување (види слика C)
Со куката за закачување (3) може да го закачите
електричниот алат на пр. на скала. Склопете ги куките за
закачување (3) во саканата позиција.
При закачен електричен уред, внимавајте сечилото
u
за пила да е заштитено од невнимателно
допирање. Постои опасност од повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување (3) кога ќе
сакате да работите со електричниот алат.
Сад за собирање струготини (види слики F–G)
Внимание: Не допирајте го садот за собирање
струготини (2) и металните струготини со голи раце
веднаш по работењето. Овие делови може да се многу
жешки и да предизвикаат изгореници на кожата.
Не сечете материјал на којшто се нанесени разредувачи,
бензин, маснотии или други хемикалии. Металните
струготини од такви материјали може да го оштетат
заштитниот капак со садот за собирање струготини (2) и
да доведат до кршење или лични повреди.
Металните струготини се собираат во садот за собирање
струготини со заштитен капак (2). Редовно празнете го
садот за собирање струготини.
За тоа турнете го механизмот за заклучување на садот за
собирање струготини (25) нагоре. Отворете го капакот
на садот за собирање струготини (24) и преклопете го во
страна, за да го испразните истиот. По празнењето
затворете го капакот на садот за собирање
струготини (24) и повторно заклучете го.
Македонски | 189
1 609 92A 5YV | (16.09.2021)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gkm 18v-50 professional

Tabla de contenido