Ставање Во Употреба; Приказ За Контрола На Температурата/Заштита Од Преоптоварување; Совети При Работењето - Bosch GST 12V-70 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GST 12V-70 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
Подесување на аголот на закосување (види слика H)
Основната плоча (9) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Млазниците за всисување (16) и заштитата од
кинење (18) не се користат при сечење со закосување.
– Извадете ги млазниците за всисување (16) и заштитата
од кинење (18).
– При агол на закосување од 0° забецот се наоѓа во
соодветниот отвор.
– Олабавете ја завртката (23) со внатрешен шестаголен
клуч (24) додека основната плоча (9) не се вметне во
правец на батеријата (1). Запците треба да се лизгаат
во водечкиот жлеб.
– За подесување на аголот на закосување навалете ја
основната плоча (9) соодветно на скалата (25) во
саканата позиција. Со помош на агломер, секој агол
може да се подеси до 45°.
– Повторно затегнете ја завртката (23).
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија (1) во прифатот за
батерија, додека не слушнете дека е вклопена и
блокирана.
Вклучување на LED-работното светло
За вклучување одн. исклучување на работното
светло (14) притиснете го копчето за работно светло (3).
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја. Доколку се активира заштитата од
рестартирање, приказот за контрола на температурата/
заштита од преоптоварување (6) трепка непрекинато.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) ставете го во исклучена положба и
одново вклучете го електричниот алат.
Напомена: При брзо исклучување и вклучување може да
се активира заштитата од рестартирање и електричниот
алат да не стартува со работа и покрај активираниот
прекинувач за вклучување/исклучување (7).
Bosch Power Tools
Прекинувачот за вклучување/исклучување (7) ставете го
во исклучена позиција и одново вклучете го
електричниот алат.
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (5) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи
или се исклучува електричниот уред. При намален број
на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го.
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот приказ за контрола на температурата/заштита
од преоптоварување (6) Ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од
преоптоварување.
Доколку свети приказот за контрола на температурата/
заштита од преоптоварување (6) непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
алат автоматски се исклучува.
Исклучете го електричниот алат и оставете ја батеријата
да се олади, пред да продолжите со работата.
Доколку приказот за контрола на температурата/заштита
од преоптоварување трепка (6) црвено, електричниот
алат е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот алат од делот што се
обработува. Штом се отстрани блокадата, електричниот
алат продолжува да работи со поставениот број на удари.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
Македонски | 179
1 609 92A 6LB | (26.05.2021)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido