Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GST 18V-125 B Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GST 18V-125 B Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
се користат и паралелниот граничник со кружен
секач (26) (опрема) и заштитата од кинење (18).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување на
струготините: Притискајте го
прекинувачот (14) за работа со големи
количини на отстранет материјал во дрво, пластика итн.
во насока на млазниците за всисување.
Исклучување на уредот за оддувување на
струготините: Притискајте го
прекинувачот (14) за работа во метал како и
приклучениот систем за всисување прав во насоката на
сечилото на пилата.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат прво притиснете
покрај симболот 
на блокадата при вклучување (5) и
со тоа ќе ја деактивирате. Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете
го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (6) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6). За да ја
активирајте блокадата при вклучување (5), притиснете
покрај симболот на блокадата при вклучување  .
Контролирање/претходно избирање на бројот на
работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (7) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
Bosch Power Tools
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи
или се исклучува електричниот уред. При намален број
на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
u
користете стабилна подлога.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени
засеци. Во Bosch-асортиманот се вклучени и додатоци
кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во
зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен
граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните убодни пили може да „го изгубат
правецот", што значи дека аголот и прецизноста на
сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои
влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на
пилата, должината на сечењето и густината и дебелината
на материјалот на делот што се обработува.
Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате
дали резултатот од сечењето на избраниот систем
одговара на вашите барања на примена.
Сечење со вдлабнување (види слика I)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (12) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (17) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
Македонски | 189
1 609 92A 7VS | (05.07.2022)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gst 18v-125 b

Tabla de contenido