Начини На Работа; Ставање Во Употреба - Bosch GST 18V-155 SC Professional Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
234 | Македонски
Ставете го заштитниот капак (28) (опрема) со држачот
странично на заштитата од допир (17). Притиснете го
заштитниот капак на другата страна на заштитата од
допир, на тој начин што држачите ќе се вклопат на
заштитата од допир.
Извадете го заштитниот капак (28) кога работите без
приклучување на всисувач за прав. Држете го
заштитниот капак на една страна и извлечете го нанапред
од заштитата од допир (17).
Вклучување на системот за всисување прав
(види слики F–H)
Отстранете ја батеријата (10), пред да ги вметнете или
отстраните млазниците за всисување.
Поставете ги млазниците за всисување (29) во
вдлабнатините на основната плоча (13).
Поставете црево за всисување (30) (опрема) на
млазниците за всисување (29). Поврзете го цревото за
всисување (30) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
За повторно да ги отстраните млазниците за
всисување (29), притиснете го копчето за
отклучување (12) и извлечете ги млазниците за
всисување од основната плоча (13).
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (22) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво 0
нема осцилации
Ниво I
мали осцилации
Ниво II
средни осцилации
Ниво III (МАX)
големи осцилации
1 609 92A 6Y3 | (27.07.2022)
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се
работи со максимално осцилирање.
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување на струготините: за
работа со големи количини на отстранет материјал во
дрво, пластика итн., притиснете го прекинувачот (23) во
позиција I.
Исклучување на уредот за оддувување на струготините:
за работа во метал како и приклучениот систем за
всисување прав, притиснете го прекинувачот (23) во
позиција 0.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување  (GST 18V‑155 SC)
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, притиснете го
десниот или левиот прекинувач за вклучување/
исклучување (21) до крај нанапред и потоа пуштете го.
Напомена: При вклучувањето, прекинувачот за
вклучување/исклучување (21) мора да биде малку
подолго време притиснат нанапред отколку што е
потребно за исклучувањето, за да се спречи случајно
вклучување.
За исклучување на електричниот алат, повторно
притиснете го десниот или левиот прекинувач за
вклучување (21) до крај нанапред и потоа пуштете го.
Вклучување и исклучување и контрола на работни
одови  (GST 18V‑155 BC)
За Вклучување на електричниот алат прво притиснете
покрај симболот 
на блокадата при вклучување (25) и
со тоа ќе ја деактивирате. Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (21) и држете
го притиснат.
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (21).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (21) се постигнуваат мал број на работни
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gst 18v-155 bc professional

Tabla de contenido