Bosch GTM 12 JL Manual Original página 362

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 66
OBJ_BUCH-1688-007.book Page 362 Friday, February 24, 2017 12:15 PM
362 | Македонски
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика c)
За едноставно собирање на струготините користете ја
испорачаната вреќичка за прав 8.
 Проверете ја и исчистете ја вреќичката за прав по
секоја употреба.
 За да избегнете опасност од пожар, при сечење на
алуминиум, извадете ја вреќичката за прав.
За време на сечењето, вреќичката за прав никогаш не
треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
– Притиснете ја стегата на вреќичката за прав 8 и ставете
ја вреќичката за прав над исфрлувачот на струготини 9.
Стегата мора да влегува во отворите на исфрлувачот на
струготини.
– Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на исфрлувачот на струготини 9 може да
приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 36 мм).
– Поврзете го цревото за вшмукување на прав со
исфрлувачот на струготини 9.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Монтажа на поединечните делови
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
1 609 92A 5KX | (24.2.17)
Прелепување на натписот за предупредување на
ласерот (види слика D)
Електричниот апарат се испорачува со натпис за
предупредување на германски јазик (означено на приказот
на мерниот уред на графичката страна со број 40).
– Пред првата употреба, над натписот за
предупредување со германски текст залепете ја
испорачаната налепница на вашиот јазик.
Отстранување или поставување на поклопецот на
листот за пила (види слика e)
Долниот поклопец на листот за пила 66 за време на
работата како столна кружна пила, мора да го покрива
долниот дел на листот на пилата.
Пред да се примени како пила за отсекување и сечење под
агол:
– Извадете го долниот поклопец на листот на пилата 66 и
ставете го во жлебот на десната страна од паралелниот
граничник 61.
 Не го фрлајте долниот поклопец на листот за пила!
Доколку не е вметнат долниот поклопец на листот за
пила, комбинираната пила не може да се користи како
столна тркалезна пила!
Пред да се примени како столна кружна пила:
– Поставете го поклопецот за листот на пилата 66 на
масата за пила 22.
Долниот поклопец на листот за пила 66 за време на
работата како столна кружна пила, мора да го покрива
долниот дел на листот на пилата.
Менување на листови за пилата
(види слики f1–f4)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Никогаш не користете листови за пила со попречни
жлебови (таканаречени „Dado-сетови").
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
При менување на листот на пилата внимавајте на тоа,
ширината на резот да не е помала и дебелината на
основниот лист да не е поголема од дебелината на клинот
за расцепување.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gtm 12 jl professional3 601 m150613 601 m15 0

Tabla de contenido