ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ПОВРШИНСКА ГЛОДАЛКА
Производен број.....................................................................................................
Брзина без оптоварување .....................................................................................
Ударна површина ...................................................................................................
Дијаметар на прстенот ..........................................................................................
Волтажа на батеријата .........................................................................................
Дијаметар на рутерот насочувачот .......................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah ... 12 Ah) .............................
Препорачана температура на околината при работа .........................................
Препорачани типови на акумулаторски батерии.................................................
Препорачани полначи ...........................................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) .............................................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) .................................................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани
согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
...................................................................
h
Несигурност K=3dB(A) .......................................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN
62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков
прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку
целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е вклучен, но не врши никаква
работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и
приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства,
инструкции, илустрации и спецификации за овој електричен алат.
Недоследно почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА РУТЕР
Употребувајте спајалка за навртување или други практични помошни
средства, за да го зацврстите делот што се обработува на стабилна
подлога. Со држење на делот што се обработува со рака или негово
притискање со телото, делот може да се лизне, а тоа може да доведе до
губење на контролата.
Користете ги само ротирачките делови за сечење погодни за брзината
на алатот. Ротирачкиот дел за сечење мора да биде соодветен за брзина
до 31000 min
.
-1
Може да се користат само лежишта што се испорачуваат со машината.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. Секогаш носете ракавици кога ја
користите машината. Исто така препорачливо е да се носат очила, цврсти
чевли кои не се лизгаат и престилка.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто така
препорачливо е да се носат очила, цврсти чевли кои не се лизгаат и
престилка.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при
вклучена машина.
Секогаш користете заститен штит на машината.
Користете само алати чија даозволена брзина е најмалку колку највисоката
брзина на машината без оптоварување.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината
работи.
Користете само професионално назабени. Рутер ножеви.
Употребувајте само глодалки со соодветен дијаметар на дршката.
Парчињата кои ќе се оаботуваат пред сечењето треба да бидат прикачени.
По користење,вратете го рутерот во првобитната позиција. (спуштена рачка
за да ја обезбеди површината).
Движете го обработуваното парче само во насока кон сечилото (работете
спротивно свртени)! Од безбедносни причини, користете ги заштитните
елементи: безбедносна направа, лизгачка водилка, заштитна ограда итн.
80
МАКЕДОНСКИ
M18 FTR
................................................................ 4744 60 01...
...000001-999999
...................................................10000 - 31000 min
-1
...................................................................... 38 mm
.........................................................6 mm, 1/4"
...................................................................... 18 V
...................................................................... 38 mm
.................................................. 1,79 kg ... 2,86 kg
............................................................-18...+50 °C
.............................................. M18 B..., M18 HB ...
............................................. M12-18 ..., M1418 C6
................................................................. 80,02 dB (A)
................................................................. 91,02 dB (A)
................................................................... 0,88 m/s
2
..................................................................... 1,5 m/s
2
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по
здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за
апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете
ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат
здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи
апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното
орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок
момент на реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето
на употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане многу жешко.
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете
електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за напон.
Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да предизвикаат
тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на АЕГ ги собираат старите батерии, со што ја штитат
нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18 систем.
Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво
место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон
или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш
со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања
или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја
потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни
или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии,
избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Рутерот може да секористи за канали, заокружување, ..., заоблување на
рабови, како и за дупчење во дрво и пастика.
Горната фреза може да се користи со следните типови на фрези:
• бургија за отвори
• бургија за заоблување
• бургија за сечење
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за
нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички податоци"
опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи од
регулативата 2011/65/EU (RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-17:2017
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2019-08-01
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба
да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот
да се чува на температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока потрошувачка на
струја, на пример екстремно високи вртежни моменти, заглавување на
дупчалката, ненадејно запирање или краток спој, електро-уредот бучи 2
секунди, а потоа самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и вклучете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да загрее многу. Во
таков случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да ја
напоните и активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со
цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата
на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со
учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а
достапна е како додаток.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Постојано да се носат заштитни очила!
Електричните апарати и батериите што се полнат не
смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се собираат
одделно и да се однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за заштита на
околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има такви
погони за рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
81