Dremel PC10 VERSA Traducción De Las Instrucciones Originales página 114

Ocultar thumbs Ver también para PC10 VERSA:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 46
Не употребувајте го полначот кога тој е оштетен.
Однесете го на безбедносна проверка кај
официјален DREMEL сервисер
Не го употребувајте полначот кога се оштетени
кабелот или приклучокот; треба веднаш да ги
замените кај еден од официјалните сервисери на
DREMEL
Не употребувајте ја батеријата кога е таа оштетена.
Треба веднаш да се замени
Не расклопувајте го полначот или батеријата
Не обидувајте се да полните батерии што не се за
повторно полнење со овој полнач
Дозволена амбиентална температура (алат/полнач/
батерија):
– 0...+45ºC кога се полни
– -20...+50ºC додека работи
– -20...+50ºC при складирање
ПАТРОНОТ СО БАТЕРИЈАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ
Користете адаптер за напојување што се совпаѓа со
спецификациите горе за полнење Dremel Versa.
Полнење на Dremel Versa со USB кабел од Dremel.
Користењето други USB кабли може да резултира
со оштетување на алатот и имотот, како и со лични
повреди.
Вашиот Dremel PC10 не го добивате фабрички целосно
наполнет. Пред првата употреба, не заборавајте да го
наполните алатот.
1. Приклучете USB кабел „F" во USB портата на
адаптерот за напојување „H". Ако не е вклучен
адаптер за напојување, полнете ја алатката со
USB приклучок од минимум 5V/1A.
2. Приклучете го адаптерот за напојување „H" во
стандарден штекер.
3. Приклучете micro USB „E" во Micro USB портата „B".
4. Индикаторот за наполнета батерија I го индицира
процесот на полнење. Сината LED сијаличка
лоцирана на куќиштето од алатката под USB
излезот ќе се вклучи за да сигнализира дека
батеријата се полни.
Кога алатот е целосно наполнет (прибл. 2 часа и 45
минути), полнењето автоматски ќе запре и сината
LED сијаличка ќе се исклучи.
5. Нормално е за рачката на алатката да се затопли
додека таа се полни.
Напомена: функцијата за полнење запира додека
алатката работи и продолжува откако таа ќе
биде исклучена.
6. Ако батеријата целосно се наполни, исклучете го
Micro USB крајот на кабелот „Е" од алатката
7. Исклучете го адаптерот за напојување од штекерот
(освен ако полните друга алатка).
8. Кога батеријата е испразнета, алатот ќе се исклучи
автоматски. Tоа ќе биде ненадејно запирање,
наместо постепеното забавување на вртењето на
алатот. Едноставно наполнете ја повторно алатката.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ ВО ВРСКА СО ПОЛНЕЊЕТО
Литиумската-јонска батерија ќе стои наполнета додека
е складирана најмногу 2 години, така што секогаш ќе
биде подготвена кога ви е потребна.
Полначот е дизајниран за брзо полнење на
батеријата само кога температурата е во распон
меѓу 0°C и 45°C.
Значителното смалување на работното време по
едно полнење може да значи дека работниот век
на батеријата е при крај и дека батеријата треба да
се замени. За сервисирање на алатката, стапете
во контакт со некоја од официјално регистрираните
сервисери на DREMEL
Ако батеријата не се полни исправно:
a. Проверете го напонот на излезот така што ќе
приклучите некој друг елетричен уред.
b. Проверете дали излезот е поврзан со
прекинувач за светло кој ја исклучува струјата
кога светлата се исклучени.
c. Проверете ги USB терминалите за валканици.
Ако е потребно, исчистете ги со памучна крпа и
алкохол.
d. Проверете за да видите дали USB кабелот е
соодветно поврзан со алатката и адаптерот за
напојување.
e. Ако сè уште немате исправно полнење,
испратете го алатот и адаптерот за напојување во
сервисниот центар на Dremel.
Напомена: Со користењето на адаптери за
напојување или батерии кои не ги испорачал
Dremel, се поништува гаранцијата.
СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО АЛАТОТ ПРЕД ДА
МЕНУВАТЕ ДОДАТОЦИ
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е
високо продуктивен. Погрижете се да ги прочитате
упатствата што Ви се приложени со Вашиот Dremel
прибор за натамошни информации во врска со
неговата употреба. Внимателно ракувајте и чувајте
ги додатоците.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
За да го намалите ризикот од повреда, секогаш
гледајте алатката да биде на „OFF" пред да го
замените приборот, како брусната подлога, пред да
ја отстраните заштитата од прскање или пред да го
сервирсирате алатот.
ПРИКАЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА ОД ПРСКАЊЕ
За да ја прикачите заштитата од прскање: наредете ги
игличките на заштитата со отворите на куќиштето на
алатот. Вртете спротивно од стрелките на часовникот
додека не биде припиена со алатот. Мора да ја
прикачите заштитата од прскање пред да ја прикачите
брусната подлога.
ПРИКАЧУВАЊЕ НА БРУСНАТА ПОДЛОГА
За да ја прикачите брусната подлога: порамнете ја
со навоите на излезниот врат на осовинка и со прст
стегнете ја подлогата во насока на стрелките на
часовникот.
ПРИКАЧУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
Приборот е прикачен за брусната подлога со помош на
систем на кука и јамка.
За да го прикачите: порамнете ја задната страна,
односно „јамката", на приборот со страната со „кука" на
брусната подлога на алатката. Порамнете го приборот
што е можно повеќе со центарот на брусната подлога,
за да се ротира концентрично за оптимални резултати
и лесна употреба. Приборот ќе ја надвиснува брусната
подлога, што овозможува корисникот да допре до
аглите и тесните простори.
За да го отстраните: повлечете го приборот од брусната
подлога. Држете го приборот за задната страна и
отстранете го од брусната подлога, но не фаќајте го
материјалот како сунѓер/микрофибер.
За да ја прикачите четката: прво отстранете ја
брусната подлога целосно, потоа прикачете ја четката
со порамнување на навоите на излезниот врат на
114
ПРИБОР
8
8
9
8

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Productos relacionados para Dremel PC10 VERSA

Este manual también es adecuado para:

Pc10-1/10

Tabla de contenido