Bosch 0 607 251 102 Manual Original página 202

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
OBJ_BUCH-580-004.book Page 202 Monday, September 19, 2016 3:53 PM
 При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
 Користете само средства за подмачкување
препорачани од Bosch.
 Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
 Носете заштитен шлем, доколку работите на
плафон. На дој начин ќе ги избегнете повредите.
 Никогаш не го оставајте пневматскиот алат
настрана, доколку алатот за вметнување не е
целосно во состојба на мирување. Ротирачкиот алат
што се вметнува може да дојде во контакт со
површината на која сте го оставиле алатот, и да ја
загубите контролата над пневматскиот алат.
 При користењето на пневматскиот алат, на
корисникот при работењето може да му се појави
непријатно чувство во дланките, рацете, рамената,
грлото или на други делови од телото.
 Доколку на корисникот му се појават симптоми како
на пр. трајна слабост, тегоби, болка, боцкање,
глувост, жештина или вкочанетост, овие
предупредувачки знаци не треба да се игнорираат.
Корисникот на алатот треба овие знаци да му ги
соопшти на работодавецот или да се консултира со
стручно медицинско лице.
 Не користете брусни плочи, брусни плочи за сечење
или глодалки. Овие алати за вметнување може да се
скршат или да летнат наоколу и да доведат до тешки
повреди.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секоја употреба проверете ги алатите што се
вметнуваат дали се искинати, со пукнатини или
многу изабени. Доколку ви падне пневматскиот алат
или алатот што се вметнува, проверете дали е
оштетен или пак употребете неоштетен алат за
вметнување. Откако сте го провериле и ставиле
алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата
да бидат во близина на нивото на ротирачкиот алат
што се вметнува и оставете го алатот да врти една
минута на највисок број на вртежи. Повеќето од
оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот
на овој пробен период.
 Користете само алати за вметнување со соодветен
дијаметар на држачот. Алатот што се вметнува, чиј
дијаметар на држачот не одговара на прифатот за алат
на уредот (види „Технички податоци"), може да не се
зацврсти добро и да ја оштети затезната чаура.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
Bosch Power Tools
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Избегнувајте контакт со кабли под напон.
Пневматскиот алат не е изолиран, и контактот со кабел
под напон може да доведе до електричен удар.
Правта што настанува при
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
шмирглање, пилење,
брусење, дупчење и слични дејности може да делува
канцерогено, да ја намали плодноста или да делува
мутагено. Некои од супстанците што ги содржат овие
честички прав се:
олово во боите и лаковите што содржат олово;
кристален кварц во цигли, цемент и други градежни
материјали;
арсен и хромат во хемиски обработуваното дрво.
Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте
изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста,
треба да работите само во добро проветрени простории
со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
 При работа со одредени материјали може да се
создадат прав и пареа, кои може да создадат
експлозивна атмосфера. При работата со пневматски
алати може да се создадат искри, што може да ја запали
правта или пареата.
 При обработката на парчето материјал може да
настане дополнителна бучава, што може да се
избегне со соодветни мерки, како на пример
користење на изолациони материјали, доколку се
појавуваат звуци на ѕвонење на делот што се
обработува.
 Доколку пневматскиот алат има придушувач, треба
постојано да контролирате, дали при користењето
на пневматскиот алат истиот е на место и дали се
наоѓа во добра работна состојба.
 Влијанието на вибрациите може да предизвика
оштетувања на нервите, пречки во крвната
циркулација во дланките и рацете.
 Доколку утврдите дека кожата на вашите прсти или
дланки е тврда, ве чеша, боли или се обоила во бело,
запрете ја работата со пневматскиот уред,
известете го вашиот работодавец и консултирајте
лекар.
 За држење на тежината на пневматскиот алат,
доколку е возможно, користете пулт, балансер со
пружина или уред за израмнување. Неправилно
монтираниот или оштетен пневматски алат може да
доведе до зголемени осцилации.
 Пневматскиот уред држете го со сигурен фат, по
однос на реакциските сили на дланката. Вибрациите
може да се зајакнат, доколку поцврсто го држите
уредот.
 Доколку се користат универзални ротирачки спојки
(канџести спојки), мора да се вметнат и клинови за
заклучување. Користете Whipcheck-осигурувач за
црево, за да имате заштита во случај на дефект на
1 609 92A 37S | (19.9.16)
Македонски | 202

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido