Beta 1972/12 Manual Original página 67

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии, со
што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем PCLS за полнење на батерии од PCLS
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте
се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги
убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Дупчалката на батерии/шрафцигерот е дизајниран за дупчење и
зашрафување, независна употреба далеку од главното напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи
од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC и
следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-1:2010
EN 60745-2-2:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 50581:2012
BETA UTENSILI S.p.A.
Via Volta 18
20845 Sovico (MB)
www.beta-tools.com
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да бидат
целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво
место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од преоптоварување
што ја штити батеријата од преоптоварување и обезбедува долг
работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката на батеријата
автоматски ја исклучува машината. За да продолжите со работа
исклучете ја машината и вклучете ја повторно. Доколку машината не
се вклучи повторно, можно е батериското пакување да е испразнето.
Тогаш тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само BETA додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на BETA (консултирајте ја листата
на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката
со учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај
tecnico@beta-tools.com
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Електричните апарати не смеат да се фрлат
заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
МАКЕДОНСКИ
67

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido