Обем На Испорака; Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch PCM 7 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para PCM 7:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
OBJ_DOKU-41582-001.fm Page 190 Thursday, July 24, 2014 2:44 PM
190 | Македонски
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 61029-1, EN 61029-2-9, EN 60825-1.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 24.07.2014
Монтажа
 Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот
апарат, дали сите долу наведени делови
се испорачани:
– Пила за отсекување и сечење под агол со монтиран
лист за пилата
– Вреќичка за прав 18
– Столарска стега 14
– Клуч со внатрешна шестаголна глава 22
– Батерии (2x, големина LR03, 1,5 V)
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Крстест одвртувач
1 609 92A 0VL | (24.7.14)
Монтажа на работна површина (види слика A)
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 12.
Ставање на батериите (види слика B)
– Отворете ја преградата за батерии 29.
– Ставете ги испорачаните батерии водејќи сметка за
половите.
– Затворете ја преградата за батерии.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика C)
– Прикачете ја кесата за прав 18 на исфрлувачот на
струготини 21.
За време на сечењето, вреќичката за прав никогаш не
треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido