Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GEX 125 AVE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GEX 125 AVE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
OBJ_BUCH-1330-005.book Page 157 Tuesday, August 30, 2016 2:15 PM
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
 Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Брусење на површини
Вклучете го електричниот апарат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и сликата на брусење во
главно се одредуваат преку изборот на брусен лист,
претходно избраниот степен на број на осцилации како и
притисокот при контакт со површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Грубо брусење
Поставете брусен лист со груба гранулација.
Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со
поголем број на вртежи и да се постигне поголем
капацитет на отстранување на материјалот.
Фино брусење
Поставете брусен лист со фина гранулација.
Со лесна варијација на притисокот при контакт со
површината одн. промена на степенот на бројот на
осцилации може да се намали бројот на осцилации на
брусниот диск, при што се задржува ексцентричното
движење.
Движете го електричниот апарат со рамномерен притисок
кружно по површината или наизменично по должина или
попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте
електричниот апарат, за да го избегнете брусењето низ
делот што се обработува, на пр. фурнир.
По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат.
Полирање
За полирање на лакови оштетени од времето или
полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло)
електричниот апарат може да се опреми со соодветните
Bosch Power Tools
алати за полирање како јагнешко крзно за полирање,
филц за полирање (опрема).
При полирањето, изберете низок број на осцилации
(степен 1 –2), за да избегнете прекумерно загревање на
површините.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на
помала површина. Средството за полирање нанесете го
со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни
движења и масивен притисок.
Оставете да се осуши средството за полирање на
површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш
не ја изложувајте исполираната површина на директно
сончево зрачење.
Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите
добри резултати од полирањето. Исперете ги алатите за
полирање со нежно средство за перење и топла вода, не
користете средства за разредување.
Табела на примена
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Најдобрата комбинација за обработка може да ја одредите
со практичен обид.
Меѓубрусење на лакирани
површини
Лак/лазура
Меко дрво
Цврсто дрво
Фурнир
Алуминиум
Челик
Отстранување на рѓата од
челикот
Челик без рѓа
Камен
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Македонски | 157
120/400
5/6
40/80
5/6
40/240
5/6
60/320
5/6
240/320
5/6
80/240
5
60/240
5
40/120
6
120/240
5
80/200
6
1 609 92A 2PG | (30.8.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido