Ставање Во Употреба - Bosch GEX 125 AVE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GEX 125 AVE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
OBJ_BUCH-1330-005.book Page 156 Tuesday, August 30, 2016 2:15 PM
156 | Македонски
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види слики C –G)
Ставете ја кутијата за прав 7 на млазниците за издувување
12. Свртете ја така што отворите на кутијата за прав ќе
легнат на врвовите на млазниците за издувување и
кутијата за прав правилно ќе се вклопи.
Нивото на наполнетост на кутијата за прав 7 може лесно да
се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав 7 извлечете ја со
лесно вртење наназад.
Отшрафете го филтерот 6 и извлечете го од кутијата за
прав 7. Испразнете ја кутијата за прав.
Лесно тропнете со филтерот 6 на цврста подлога, за да
падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот 6 со
мека четка.
Напомена: За да овозможите оптимално вшмукување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав 7 и редовно
чистете го филтерот 6.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот апарат така што кутијата за прав 7 ќе
покажува надолу.
Надворешно вшмукување (види слика H)
Ставете црево за вшмукување 13 на млазниците за
издувување 12. Ставете го цревото (како што е прикажано
на сликата) на млазниците за издувување, така што
страничните отвори на млазниците за издувување ќе
останат слободни. Со тоа се спречува блокирање на
електричниот апарат за време на брусењето на делот што
се обработува и се спречува оштетувањето на квалитетот
на површината на истиот.
Цревото за вшмукување 13 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
1 609 92A 2PG | (30.8.16)
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот апарат така што цревото за вшмукување ќе
покажува надолу.
Дополнителна дршка
Дополнителната дршка 1 овозможува удобно ракување и
оптимална распределба на јачината, пред сè при
отстранување на голема количина материјал при
брусење.
Прицврстете ја дополнителната дршка 1 со шрафот 2 на
куќиштето.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
За Фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување, држете го истиот притиснат и дополнително
притиснете на копчето за фиксирање 5.
За вклучување на електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4. Доколку сте
го блокирале прекинувачот за вклучување/исклучување 4
најпрво притиснете го истиот и потоа отпуштете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 3 може
да го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
1 –2
низок број на осцилации
3 –4
среден број на осцилации
5 –6
висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Кочница на брусниот диск
Вградената кочница на брусниот диск го намалува бројот
на осцилации при празен од, така што при ставањето на
електричниот апарат на делот што се обработува, се
спречува создавањето на гребнатини.
Доколку бројот на осцилации при празен од постојано се
накачува со текот на времето, тоа значи дека брусниот
диск е оштетен и мора да се замени или пак значи дека
кочницата на брусниот диск е истрошена. Истрошената
кочница на брусниот диск мора да се замени од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido