•Количината на средство за ладење во вашиот апарат е
прикажан на плочата за идентификација внатре во апаратот.
•Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување.
Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот.
•Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства и
слични намени. Не смее да се користи за комерцијални или
угостителски намени, ниту пак на мобилни предмети, какви
што се каравани или пловни објекти.
•Не чувајте експлозивни супстанции во апаратот какви што се
конзерви со аеросол што содржат запаллив гас.
ВНИМАНИЕ
За да се намали ризикот од мали повреди на лица,
неисправно функционирање или оштетување на
производот или имотот при користење на овој производ,
следете ги основните мерки на претпазливост,
вклучително и следните:
МОНТАЖА
•Не навалувајте го апаратот за да го влечете или туркате при
транспорт.
•Осигурете се да не дојде до заглавување на некој дел од
телото, на пример раката или стапалото, додека се
преместува апаратот.
РАБОТЕЊЕ
•Не допирајте ја замрзнатата храна или металните делови во
преградата на замрзнувачот со водени или влажни раце. Тоа
може да предизвика замрзнатини.
•Не ставајте стаклени контејнери, шишиња или конзерви
(особено оние што содржат газирани пијалоци) во одделот за
замрзнување, на полиците, или во кантата за мраз, што ќе
бидат изложени на температури под замрзнување.
•Каленото стакло на предната страна од вратата на апаратот
или на полиците може да се оштети со удар. Ако е скршено,
не допирајте го со раце.
•Не бесете се на вратата на производот, просторот за чување
храна, на полицата и не качувајте се на неа.
МК
9