Bosch PCM 8 Manual Original página 208

Ocultar thumbs Ver también para PCM 8:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
208 | Македонски
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (34) и завртката
(33). Притиснете ја блокадата на вретеното (28),
додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач (26) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (1),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (26).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (26).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– За фиксирање на масата за пила (12) затегнете го
копчето за фиксирање (9).
– Притиснете на рачката (3) и истовремено навалувајте
го кракот на алатот на рачката (1) надолу додека
транспортниот осигурувач (26) не се притисне сосема
навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика F)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (14) и (6).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (27) во
отворите предвидени за таа намена (23).
– Олабавете ја пеперутка-завртката (36) и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
навојната прачка (37).
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја
навојната прачка (37) во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
1 609 92A 4DU | (01.08.2018)
Подесување на аголот на закосување
Додека го подесувате аголот на закосување, не го
u
активирајте прекинувачот за вклучување/
исклучување (21). Доколку електричниот алат се
стартува невнимателно, постои опасност од повреда.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика G)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат
во граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (9), доколку е
затегнато. Притоа, масата за пила ќе биде слободно
подвижна.
– Вртете ја масата за пила (12) со држачот налево или
надесно додека агломерот (10) не го покаже саканиот
хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (9).
За брзо и прецизно подесување на често
употребувани хоризонтални агли на закосување
масата за пилата (12) може да ја вклопите во следните
стандардни агли:
лево
45°; 30°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (9), доколку е
затегнато.
– Свртете ја масата за пила (12) со копчето за
фиксирање налево или надесно додека не се вклопи
во саканиот стандарден агол на закосување.
Подесување на вертикалниот агол на закосување
(види слики H1–H2)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Олабавете го затезната рачка (38).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (14)
нанадвор.
– За фиксирање на подесливата гранична водилка
повторно затегнете ја затезната рачка (38).
– Олабавете ја затезната рачка (15).
– Рачката на алатот навалете ја на дршката (1), додека
показателот на агли (29) не го прикаже саканиот агол
на закосување.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната рачка (15).
За брзо и прецизно подесување на вертикалниот
стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички
поставените граничници.
– Олабавете ја затезната рачка (15).
– За тоа навалете ја рачката на алатот (1) до крај на
десно (0°) или до крај на лево (45°).
– Повторно цврсто стегнете ја затезната рачка (15).
десно
15°; 22,5°; 30°; 45°
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido