Skil F0151470 Serie Manual Original página 100

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
• Држете ги рацете подалеку од областа за
сечење. Никогаш не допирајте под материјалот од
која било причина додека сечете
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со
експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација
може да доведе до оштета на предмети или
електричен удар)
• Не користете сечиво што е напукнато, деформирано
или тапо
ПРИ БРУСЕЊЕ
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Користете го алатот само за суво брусење
(навлегувањето на водата во алатот го зголемува
ризикот од електричен удар)
• Не допирајте ја хартијата за брусење додека се
движи
• Не користете изабени, искинати или хартија со
многу налепен слој од брусење
• Се јавува искрење кога брусите метал. Не користете
правосмукалка и држете ги другите лица, како и
запаливиот материјал подалеку од работната средина
УПОТРЕБА
• Менување додатоци 5
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- извадете/ставајте го потребниот додаток како што
е прикажано
- проверете дали отворите на додатоците ќе се
наместат во јазичињата на главата на алатот
(можна е секоја позиција за заклучување)
- поставете го додатокот со притиснат центар
насочен надолу
- разлабавете/затегнете го шрафот A со инбус B
- проверете дали додатокот е правилно
поставен (неправилно или недоволно затегнатите
додатоци се разлабавуваат во текот на работата и
така претставуваат опасност)
• Поставување хартија за брусење 6
- истресете ја прашината од ВЕЛКРО-материјалот
на подлошката за брусење C 2 пред да ја ставите
хартијата за брусење
- поставете хартија за брусење од ВЕЛКРО како
што е прикажано
! вшмукувањето прашина изискува употреба на
перфорирани хартии за брусење
! перфорациите на хартијата за брусење треба
да соодветствува со перфорацијата на
подлогата за брусење
! заменете ги изабените хартии за брусење
навреме
! секогаш користете го алатот со целата
површина од ВЕЛКРО покриена со хартија за
брусење
• Вадење прашина/честички 7
- поставете го уредот за вадење прашина D како
што е прикажано
- поврзете ја правосмукалката
! не користете уред за вадење прашина/
правосмукалка кога брусите метал
- чистете го уредот за вадење прашина D редовно за
да постигнете оптимално собирање на прашината
• Вклучено/Исклучено
- вклучувајте/исклучувајте го алатот со притискање
на прекинувачот E 2 во позициите "I"/"O"
! пред дополнителниот дел да го допре делот
за работа, алатот мора да работи со полна
брзина
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
• Прилагодување на работната брзина 8
- со тркалото F може да се прилагодување
потребната осцилирачка фреквенција од најмала
(1) до голема (6) (дури и кога алатот работи)
- оптималната работна брзина зависи од
материјалот и може да се одреди преку практични
проби
• Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја 9
- отворите за ладење G 2 држете ги отворени
- не применувајте премногу притисок врз алатот
(прекумерниот притисок ќе предизвика
прекумерно загревање и може да го скрати
периодот за употреба на додатокот)
• Додаток за прилагодување длабочина (DEPTH
STOP) (не се добива заедно со алатот) 0
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете сегмент со сечиво H 2 за раздвојување и
забивање засеци во дрво, гипс, кнауф и пластика
(исто и за пилење по рабови, на агли и на други
тешко достапни места)
• Користете сечиво за забивање J 2 за раздвојување
и длабоко забивање засеци во дрво, гипс, кнауф и
мека пластика (исто и за пилење по рабови, на агли
и на други тешко достапни места)
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење G 2)
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
100

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

1470

Tabla de contenido