VOX electronics TDM-705TQ Manual De Usuario página 68

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 255
ПРИМАРНИ РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМАТ
ПРЕДВИД
• Овој уред може да го користат деца над 8
години, како и лица со намалена физичка,
сетилна или ментална способност или со
недостиг на искуство и познавање само ако
се под надзор и се упатени за користење
на апаратот на безбеден начин, но и ако ги
разбираат потенцијалните опасности. Децата
не смеат да си играат со уредот. Децата коишто
не се под надзор не смеат да го чистат или да
работат на одржување на уредот.
• Машината за сушење е наменета само за
домашна и внатрешна употреба. Гаранцијата
престанува да важи во случаи кога се
употребува за комерцијални цели.
• Употребувајте го производот само за облека со
ознака којашто дозволува сушење во машина.
• Производителот нема да прифати одговорност
за штети што резултираат од неправилно
користење и транспорт.
• Внимавајте отворите за проветрување на
машината да не се блокирани од тепих или какви
други предмети на подот.
• Поставувањето и поправките на машината
треба да го изведува само овластен сервисер.
Производителот одбива одговорност за штети
што резултирале од неовластени поправки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не прскајте ја
и не истурајте вода врз машината за сушење кога
сакате да ја исчистите! Постои ризик од струен
удар!
• Оставете барем 3 cm простор меѓу страничните
и задните ѕидови на производот, како и од
горната страна доколку планирате да го ставате
МК - 1

Publicidad

Tabla de contenido

Solución de problemas

loading

Tabla de contenido