ВАЖНО: Никогаш не вадете го
резервоарот за вода додека работи
некоја програма. Водата што се
кондензира во резервоарот не се пие.
ВАЖНО: НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГО
ИСПРАЗНИТЕ РЕЗЕРВОАРОТ ЗА ВОДА
ПО СЕКОЈА УПОТРЕБА НА МАШИНАТА.
6.3. Чистење на кондензаторот
ВАЖНО: Чистете го кондензаторот
кога ќе видите предупредување со
зборовите „Condenser Cleaning".
ВАЖНО: ДУРИ И АКО НЕ СЕ
ВКЛУЧИ ЛЕД СВЕТИЛКАТА ЗА
„CONDENSER CLEANING": ЧИСТЕТЕ
ГО КОНДЕНЗАТОРОТ ПО СЕКОЕ 30-ТО
СУШЕЊЕ ИЛИ ЕДНАШ МЕСЕЧНО.
1
3
Ако заврши процесот на сушење,
отворете ја вратичката за ставање
облека и почекајте да се излади
облеката.
1. Отворете го подножјето и отстранете
ги двете навртки за капакот на
кондензаторот.
2. Држете го кондензаторот за
пластичниот дел и извлечете го.
3. Исчистете го со батеријата за туш и
почекајте водата да истече.
4. Целосно вратете го назад и завртете ги
двете навртки за капакот.
5. Затворете го капакот на подножјето
2
6.4. Чистење на сензорот за влажност
Во машината се поставени сензори
за влажноста, коишто откриваат дали
облеката е сува.
За да ги исчистите сензорите:
1. Отворете ја вратичката за ставање
облека во машината.
2. Ако таа е сè уште жешка поради
сушењето, почекајте да се излади.
3. Избришете ги металните површини
на сензорот со помош на мека крпа
потопена во оцет и исушете ги.
ВАЖНО: ЧИСТЕТЕ ГИ МЕТАЛНИТЕ
ПОВРШИНИ НА СЕНЗОРОТ 4 ПАТИ
ГОДИШНО.
ВАЖНО: Не користете метални алати
за да ги чистите металните површини на
сензорот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете
растворувачи, средства за чистење
или слични производи кога ги чистите
сензорите, бидејќи постои ризик од
пожар и експлозија.
6.5. Чистење на внатрешната
површина на вратичката на отворот за
полнење облека
ВАЖНО: НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА
ЈА ИСЧИСТИТЕ ВНАТРЕШНАТА
ПОВРШИНА НА ВРАТИЧКАТА НА
ОТВОРОТ ЗА СТАВАЊЕ ОБЛЕКА ПО
СЕКОЕ СУШЕЊЕ.
Отворете ја вратичката за ставање
облека во машината за сушење и
исчистете ја нејзината внатрешна
површина како и дихтунзите со помош на
мека и влажна крпа.
МК - 22