Skil 7445 Manual Original página 87

Ocultar thumbs Ver también para 7445:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
апаратот, замена на приборот или складирање.
Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го
користите од допирот на децата. Не допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте
контрола околу тоа дали движечките делови
на уредот работат беспрекорно и дали не се
заглавени, дали деловите се скршени или
оштетени до таа мерка што не може да се
обезбеди функционирање на уредот. Пред
примената, овие оштетени делови треба да
се поправат. Причина за многу незгоди е лошо
одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со
остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив
работата ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСИЛКА
ОПШТИ
Овој алат не треба да го користат лица под 16
години
Овој алат не е соодветен за брусење во влажна
средина
Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно
лице
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Не користете истрошен, изабен или премногу
зачепен брусен диск
ПРЕД УПОТРЕБА
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете
ги пред да почнете со работа
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Нивото на бучава додека работите може да
изнесува повеќе од 85 dB(A); носете заштита за
ушите
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали,
може да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга
коса)
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
При брусење на метал доаѓа до појава на искри;
не користете кутија за прашина/правосмукалка а
останатите лица и запалливи материјали треба да
се наоѓаат подалеку од местото каде се работи
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите
на алатот кои се движат; кабелот држете го на
задната страна, на страна од алатот
Не допирајте го брусниот диск кој се движи
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го
од приклучокот
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете
го моторот и проверете дали сите подвижни делови
се застанати
УПОТРЕБА
Потпорни перничиња
- никогаш не користете го алатот без потпорната
подлошка A
! веднаш заменетеи ги оштетените потпорни
перничиња (олабавете/стегнете ги 4 штрафа B)
! исклучете го алатот од струја пред
отстранување/вметнување на потпорните
перничиња
Поставување на брусната хартија 4
- поставете шмиргла за пескарење од ВЕЛКРО C
како што е прикажано
- доколку е потребно, најпрво исчистете го
потпорното перниче
! перфорацијата на брусната хартија треба да
е соодветна на перфорацијата на брусната
плоча
! за вшмукување на прашина е потребна
перфорирана брусна хартија
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
87

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

7455

Tabla de contenido